Колку Македонци има во светот?

Македонија нема прецизна база на податоци за бројот на своите иселеници и етнички Македонци кои живеат како малцинство низ други држави во светот. За гласање во странство при македонски избори се пријавуват околу 150.000 Македонци, а Агенцијата за иселеништо користи статистички податоци на земјите во кои се смета дека има значителна концентрција на етнички Македонци или иселеници, и според податоците околу 500.000 Македонци денес живеат во другите држави. Но, оваа бројка уште веднаш се смета за нерелевантна затоа што е познато дека во Грција Македонците немаат можност за етничко изјаснување, а во Бугарија и Албанија се попречувани да го остварат тоа право кое го формално имаат на располагање, но тешко или никако го остваруваат.

10010-, македонци, македонизъм_1225x800_960_539

Да ги погледнеме енциклопедиските податоци кои зборуваат за застапеноста на Македонците во светот врз основа на цитирани научни или државни статистички документи . Географската распространетост на македонскиот народ денес е најмногу сконцентрирана во македонската етничка територија Македонија, во Европа и на Балканот, во западниот дел на Европа, северниот дел на американскиот континент и во Австралија. Според податоците, денес во светот живеат околу 3,5-4 милиони Македонци.

МАКЕДОНИЈА - Матична земја и етничка територија на македонскиот народ  е Македонија, каде што македонскиот народ е најсконцентриран. На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа етничка Македонија живеат помеѓу 2,1 и 2,3 милиони Македонци од кои најголемиот дел во Република Македонија. Етничката територија на Македонија на која Македонците живеат денес е поделена на неколку помали делови кои влегуваат во составот на 4 балкански држави. Вардарска Македонија каде се наоѓа Република Македонија, Егејска Македонија (во составот на Грција), Пиринска Македонија (во составот на Бугарија), Мала Преспа и Голо Брдо (во составот на Албанија) и областа Гора (во составот на Албанија и Косово).

Macedonia-borders_mk

Република Македонија

Република Македонија зафаќа 25.713 км² или околу 38% од етничката територија Македонија. Според последниот попис на населенито во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Под овој број се сметаат сите Македонци по националност, без разлика на нивната вероисповед.

На територијата на Република Македонија - Македонците се распространети по целата територија. Застапеноста се движи од 20% во северозападните, 55-60% во југозападните, 85-90% во средишните и 90-95% во североисточните и источните делови на државата.

Егејска Македонија

Егејска Македонија го опфаќа јужниот приморски дел на етничка Македонија, и со околу 34.356 км² опфаќа 51% од етничката македонска територија. Официјална бројка на Македонците тука воопшто не е позната бидејќи грчката држава не признава македонски народ и македонско малцинство, и на пописните списоци не постои графа Македонец. Македонската организација Виножито (политичка партија на Македонците во Грција) вели дека во Егејска Македонија живеат околу 400.000 Македонци, но немаат правна можност да се изјаснат како Македонци, а голем дел од младото македонско население се асимилира, не зборува македонски јазик бидејќи долг период тој бил забрануван од грчките власти.

Поради репресии и насилните иселувања на голем број Македонци од 1913 до 1922, и населување на грчки колонисти на нивно место етничкиот карактер на егејскиот дел на Македонија се создале големи промени во етничкиот состав на таа територија. Македонците од мнозинство (над 60%), денес се малцинство (со околу 19-20%), и се најмногу населени во западните и северозападните краишта и во близината на границата со Република Македонија. Македонците денес најмногу се населени во градовите Лерин, Воден, Костур и околните села.

Пиринска Македонија

Пиринска Македонија го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија, и со своите 6.798 км² опфаќа околу 10% од територијата на областа Македонија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177.035 - 70% (1946) односно 178.862 - 63% (1955) од населението на Пиринска Македонија. Македонците се најзастапени во  јужните и југозападните делови - Петрич 85-90%, Сандански 80-85% итн. По Втората светска војна за време на Георги Димитров Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија по барање на Југославија најпрвин добила културна автономија која, подоцна, преку требало да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се припои кон тогашната Република Македонија (Југославија) како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација. По смртта на Георги Димитров (1949 година) таа обврска на Бугарија Софија ја отфрла, а оттогаш па до денес Бугарија не дозволува исполнување на основните човекови права и европски етнички стандарди за Македонците во Бугарија. Па така, на пописот во 1992 година само 10.803 граѓани на Република Бугарија можеле да се изјаснат како Македонци, а според официјални податоци пак од пописот во 2011 г., само 1.654 граѓани на Бугарија се изјасниле како Македонци. Организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден - Пирин наведуваат бројка 0д 187.000 лица - етнички Македонци во Бугарија.

Албанија

Македонците во Албанија најмногу се населени во три области: Мала Преспа, Голо Брдо и дел од областа Гора -  на околу 1.115 км². Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму засега официјален јазик е македонскиот, кој се користи во основно образование до четврто одделение. Во Мала Преспа живеат околу 6.000 Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението. Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти безуспешно се обидуваат со агитација да прикажат дека таму живее бугарско малцинство. Здруженијата на Македонците од Албанија тврди дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150.000 Македонци. Односот на Албанија кон Македонците и Македонија се гледа и од фактот дека Албанија ја нема признаено Македонија под уставното име, иако во Македонија се остваруваат сите права на етничките Албанци.

Европа

Први иселувања на Македонци се забележуваат кон крајот на XVII век, кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и политичка природа. Голема концентрација на Македонци денес има во источниот дел на Војводина, во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна. Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесеттите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесеттите години.  Големи македонски иселенички колонии има во Германија (околу 80.000), Италија, Шведска (најмногу во градовите Малме и Гетеборг), Франција, Швајцарија, Велика Британија...

САД

Македонците во САД најмногу се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атланскиот Океан и нивната бројка се движи помеѓу 100.000 и 150.000 луѓе. Голем број Македонци има во сојузните држави Њујорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија... а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија.

Канада

Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150.000 луѓе. Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион) како и во  Отава, Винздор, Квебек, Онтарио и др.

Австралија

Првите доселувања се забележуваат на почетокот , и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид...  Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија. Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии.

Медиа.мк

Какви се хороскопските знаци кога ќе се опијанат?

Празничниот период е познат по здравиците за добро здравје и подобро расположение. Но, како и сè останато во животот, мораме да бидеме одговорни и умерени.

Какви се хороскопските знаци под дејство на алкохол?

Овен

Припадниците на овој знак под дејство на алкохол стануваат брутално искрени, се чини дека навистина им е грижа за сè. Тие се исклучително гласни и се забавуваат со своите „шеги“. Смешни се кога имаат испиено повеќе од една чаша алкохол, а исто така имаат тендеција да заведуваат некого за кого сметаат дека е интересен – „физички привлечен“.

Бик

На почетокот на вечерта тие обично се тивки и ненаметливи, но со секоја чаша стануваат сè погласни и погласни. Припадниците на овој хороскопски знак се смеат најгласно во друштвото, почнува сè да им станува позабавно, а влијанието на алкохолот лесно им се забележува затоа што сè повеќе и повеќе се смеат – им паѓаат работи, се сопнуваат. Алкохолот обично ја поттикнува нивната желба за јадење, но мора да внимаваат да не мешаат сè.

Близнаци

Припадниците на овој знак всушност не се однесуваат многу поразлично кога се под дејство на алкохол или кога се трезни. Само стануваат малку побрзи – пијат брзо, зборуваат брзо, брзо преминуваат од тема на тема, од личност на личност… Тие немаат многу концентрација и ако нешто им пречи, можат да бидат дрски. Сепак, нивниот мозок сè уште работи и со по некоја чаша алкохол, па нивните забелешки и коментари за другите се смешни.

Рак

Припадниците на овој знак буквално „пијат како сунѓери“. Кога ќе почнат да пијат, тие не знаат да престанат, а во исто време ги убедуваат сите околу нив да го следат нивниот пример. Тие стануваат гласни, се обидуваат да ја одржат ситуацијата забавна, а одењето дома за нив звучи како смртна казна. Почнуваат да флертуваат и тоа е сосема очигледно. На крајот на вечерта тие обично завршуваат некако тажни и разочарани.

Лав

Припадниците на овој знак сакаат да мислат дека не се пијани иако веќе испиле неколку чашки. Тоа многу зборува за нивната самоконтрола и желба да остават најдобар впечаток. Алкохолот ги релаксира и тие се однесуваат прилично слободно, баш онака како што им одговара. Затоа можат да прават прилично луди работи. Друга интересна работа кај нив е дека алкохолот им дава неверојатен дар за говор – многу зборуваат, додека не ја потрошат целата енергија.

Девица

Припадниците на овој знак ретко пијат алкохол, и кога пијат ретко преоѓаат на втора чаша. Под дејство на алкохол, сè им станува смешно и постојано се насмеани. Сите луѓе некако им се интересни и немаат проблем да најдат заедничка тема. Тие исто така имаат тенденција да претераат во зборувањето, а понекогаш дури знаат и да лажат. Знакот дека претерале со алкохол е моментот кога нивниот говор станува нејасен. Ако некој им каже нешто погрешно, тие се насочуваат кон нив и не се откажуваат додека не го докажат своето.

Вага

Припадниците на овој знак честопати стануваат многу критични. Тие погрешно го толкуваат она што луѓето им го кажуваат и влегуваат во дебати но тоа го прават на многу комичен начин, па луѓето околу нив често им се смеат. Тие се во центарот на вниманието. Како и Ракот, тие ги убедуваат сите други да продолжат со славењето. Навистина се душата на забавата. Наредниот ден се срамат кога ќе слушнат што сториле.

Шкорпија

Умереноста не е во вокабуларот на просечната Шкорпија. Тие или се во алкохолизирана потрага за целосно уништување или само ќе испијат една чаша и ќе си одат дома. Под влијание на алкохол тие се многу духовити, а мозокот им работи брзо. Почнуваат да псујат, да ги задеваат сите околу нив, но стануваат и заводливи. Често им се случува да си најдат нови обожаватели до крајот на вечерта. Губат самоконтрола, па полесно си го отвараат срцето…

Стрелец

Кога Стрелците ќе се напијат, стануваат хиперактивни и супер спонтани – сите идеи се добредојдени. Тие стануваат многу забавни, но и нетактични, па дури и брутално искрени. Ова ги прави склони кон расправии. Се однесуваат како да се „пуштени од ланец“, немаат проблем да се качат на маса или да пеат гласно – сè во име на добрата забава. Тие се прилично гласни и е невозможно да не ги забележите.

Јарец

Припадниците на овој хороскопски знак се целосно свесни за своите граници, важно им е да ги почитуваат, но понекогаш знаат да се напијат повеќе отколку што им е потребно. Колку повеќе пијат, толку повеќе се позабавни. Ги прераскажуваат оние најдобри приказни од минатото и ги смеат сите, а тие честопати знаат да се шегуваат и на своја сметка. Користат луди движења додека танцуваат и знаат комично да имитираат други луѓе. Не им кажувајте дека испиле премногу – тие ќе се обидат да ви го докажат спротивното.

Водолија

Припадниците на овој знак кога пијат алкохол стануваат вистински паметни луѓе. „Слушајте ме“ – е најчесто употребувана фраза во текот на ноќта. Претеруваат во работите што ги кажуваат, имаат идеја и совет за сите. Сепак, иако знаат да бидат напорни со својата духовитост, сепак знаат да ги насмеат сите.

Риби

Припадниците на овој знак кога пијат алкохол често зборуваат некохерентно, нивните мисли не можат да бидат сфатени, а за тоа придонесува и заплеткувањето на јазикот. Тие имаат добра толеранција, но тоа не им значи многу бидејќи алкохолот работи против нив – ги засилува нивните емоции и тие се во состојба буквално да се расплачат, а во следниот момент веќе да се смеат.

Овие 3 хороскопски знаци ќе ги решат сите финансиски проблеми

За овие 3 знаци, грижите за парите ќе станат минато бидејќи ги очекува успех и просперитет.

Водолија

Во следните пет години животот ќе ви донесе многу пријатни изненадувања, особено на финансиски план. Ќе ја искористите вашата интелигенција и способности за да заработите значителни суми без премногу труд. Сепак, важно е да се избегне отпад. Наместо тоа, насочете дел од вашиот приход кон заштеди и создадете фонд за вонредни ситуации за да ја обезбедите вашата финансиска стабилност.

Риби

Во последните години се соочувате со бројни предизвици, но пред вас е период во кој ќе имате можност да заработите значителни суми на пари. Вашиот успех ќе зависи од вашите професионални вештини и способност да изградите позитивни односи со колегите и клиентите. Не пропуштајте можности за професионален развој – професионалните курсеви и семинари ќе ви помогнат да го подобрите вашето знаење и да напредувате во кариерата.

Рак

Клучот за вашиот успех лежи во вашата подготвеност да им помогнете на другите. Благодарение на добрите намери, среќата ќе ве придружува во следните пет години. Ќе имате можности да ги покажете своите таленти и да постигнете значителен финансиски напредок. Според астролошките прогнози, во наредните години ќе го достигнете врвот на професионалниот и личниот успех. Ова е вашето време да изградите стабилна и успешна иднина.

МНР со осуда до Костадинов: Злонамерна објава со директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија реагира на изјавите на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов.

Во реакцијата на министерството се вели дека неговата објава е злонамерна со директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на Македонија со која се изразуваат јасни територијални претензии.

„Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи.

Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме, европските стандарди кои силно ги почитуваме и спротивно на нашите залагања за обезбедување на траен мир, безбедност и просперитет во Европа и пошироко“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи.

Популарно