Најново од Самсунг: Новиот Galaxy Note 5 Winter Edition

Кога во Август  Samsung ги презентираше новите Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge+, бевме непријатно изненадени од недостатокот на верзија на телефоните со простор за складирање на податоци од 128GB. Конечно, проблемот е решен...

galaxy-note-5-silver-titanium

Четири месеци по официјалната промоција, Samsung го презентираше Galaxy Note 5 Winter Edition, кој поседува меморија од 128 гигабајти и засега ексклузивно може да се купи во Јужна Кореа. Телефонот доаѓа во двете најпопуларни бои според Samsung, сребрена и златна), а ќе чини околу 800 евра.

Според информациите, ова е единствената разлика од претходниот модел, додека пак останатите спецификации се идентични - 16 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата, octa-core Exynos 7420 процесор со 64-битна архитектура, 4GB RAM и огромен екран од 5,7 инчи и QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели.

(ФОТО) КУРШУМ НЕ ЈА БИЕ - Нокиа спасува животи во Авганистан

Доказот дека Nokia се најиздржливите мобилни телефони на светот е пред вас.

Питер Скилман, кој е одговорен за моделот Lumia, објави слика со продупчена Lumia 520 со куршум, која спасила живот на војник во Авганистан.

Телефонот повеќе не е употреблив, но најважно е што неговото куќиште успеало да го задржи куршумот во себе и да не пробие до телото на војникот.

На новиот Самсунг S8 ќе може да се играат Нинтендо игри

Најновата верзија од најдобриот Самсунг смартфон, Galaxy S8 е навистина мала но многу моќна направа.

Доказ за моќта на овој смартфон ја докажа еден млад софтвер инженер кој на Youtube постави видео во кое тој на својот Galaxy S8 ги игра игрите наменети за Нинтендо.

Популарно