Правила и значења на симболите при гледање на кафе

Кафето потекнува од Африка меѓутоа неговата упореба станала популарна од 16 от век па до денес. Скоро секој човек дневно го конзумира овој напиток во кој ја содржи состојката кофеин која е одлична за енегрија во утринските часови. Меѓутоа кафето не се користи само за пиење туку и гледање. Голем број на Македонци честопати знаат откако ќе го испијат кафето да ја “свртат“ шолјата и се подготват за гледање. Еве неколку општи правила за гледање на кафе:

1.Можете да гледате кафе секој ден, но најдобри денови за кафе се вторник и петок, а најлоши недела и празничните денови.

2.Најубаво е да се гледа кафе во домот на тој што гледа.

3.Не се препорачува една иста личност да ви гледа на кафе повеќе пати во неделата.

4.Не треба да додавате дополнителна количина кафе, вода или талог откако сте завршиле со пиење на кафето. Прво треба да ја поклопите шољата со тацната и потоа во еден потег да ја превртите.

5.Не треба други личности да се мешаат во гледањто.

6.Кога ќе заврши гледањето треба да си замислите најмалку една желба а најмногу три.

Најчестите симболи и нивното значење:

Ангел – добри вести, среќа, голем настан за вас

Авион – ќе добиете поклон за кој не се надевавте

Балон – бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања

Бебе – мали грижи

Брег – лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите

Бубачка – тешка задача ќе се постави пред вас

Брод – ви претстои патување

Боца – очекувајте добри вести

Дете – финансиска придобивка

Дланка – проблеми во фамилијата

Грав – финансиски проблеми

Јајце - богатство и успех

Канџа – непријател

Ќелава глава – голема љубов

Клуч – отворање на врати, реализација на напорите, успех

Коњ – снага, независност

Компас – патување кој подалечна дестинација

Круг – очекувајте успех

Круг со точка во близина - принова во фамилиата

Круг со линија во близина – вашиот труд нема да биде почитуван

Круша – финансиска сигурност

Квадрат – нов дом

Пеперутка – флерт

Лав – успех на работа

Лице – некој што ве сака се грижи за вас

Лисица – лажен пријател

Ланец – покана за на свадба

Права линија – напредок без проблеми

Крива линија – неуспех

Топка - некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа

Мачка - расправија за кратко

Магаре – не се надевајте на помош од вашите пријатели

Метла – успех на работа

Мечка – добро размислете за нови одлуки

Маска – опкружени сте со лицемери, непријатели

Млада месечина – религиски повик

Мотика – финансиска придобивка

Мравка – одлучност некоја работа да се донеси до успех

Наковална – деловен успех

Наушница – потребно ви е внимателно објаснување

Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто

Овца – тешка работна задача

Око – љубомора, завист

Оро – големо подобрување во животот

Куче – добар и приврзан пријател, верен партнер

Коњ – немате сили започнатата работа да ја донесите до крај

Полна месечина – љубов

Палма – среќни денови во бракот

Пајак – неочекувани пари

Пчела – ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести

Писмо – ве очекуваат добри финансиски денови

Пила – препреки на работа од своите соработници

Прстен – брак

Рак – чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло

Скинат прстен – проблеми во бракот

Риба – животот ќе ви биде побогат, посреќен

Рака – пријателство и фамилија

Срце – љубов, верување и доверба

Стебло – на пат се промени кон подобро

Стол – Неочекуван гостин

Слон – искрен пријател

Сонце – моќ, успех

Свеќа – некој ќе ви помогне да успеете

Стрела – среќна и хармонична љубов

Стена – мал проблем кој брзо ќе го надмините

Стопало – добри вести

Свиња – добивка на работа

Човек со испружена рака – поклон

Чадор – оговарање, озборување

Чамец – работните обрврски можете сам да ги средите

Чорап – оговарање, озборување

Чекан - грижи

Глушец – кражба, разбојништво

Торба – пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете

Трокут – доаѓаат промени

Топка – работата повеќе не ви причинува задоволство

Уво – Ќе слушнете неочекувани вести

Врата – Прилика за успех

Рог – внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина

Волк – непријателство, љубомора, можна расправија

Знаме – ве очекува опасност, подгответе се за судир

Змија – внимателно, имате непријатели

Змеј – коренити промени

Звоно – неочекувани вести

Звезда – исполнување на ваша голема желба

Заб - зло

Цвет – финансиска придобивка

Црква - грижи

Харфа – среќа во животот

Шешир – мали незгоди, промени

Значењата на броевите

1 – Почеток, вест, честитка.

2 - Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд.

3 - Ново познанство.

4 – Разговор.

5 – Успех, ќе ви бараат пари на заем.

6 – Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил.

7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта), обновување на стара љубовна врска која ќе заврши на истиот начин (ако седмицата е со црта).

8 - Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат.

9 – Почеток на сериозна врска, веридба, брак.

10 – Ќе добиете неочекувани пари.

Значењата на буквите

А – Почеток на нова работа.

Б - Оргинална и мила личност.

В - Агресивност, победа.

Г - Искреност, јасни мисли.

Д – Себичност.

Е – Самодоверба.

Ж – Исполнување на желба.

З – Темпераментност.

Ѕ - Оргиналност.

И – Нови информации.

Ј – Необична љубовна авантура.

К – Караница со блиска личност.

Л - Истрајност, упорност.

Љ – Искрена љубов, склоност кон сожалување на себе.

М - Природно, спонтано, нови можности.

Н – Благородност.

О - Егоист.

П - Умереност.

Р – Сила, Хармониа.

С - Голема среќа.

Т – Имате премногу предрасуди.

У – Тврдоглавост.

Х – Остварување на целта.

ФОТО: И здосади хокејот, реши да прави милиони на „Онли Фанс“

Микејла Демајтер беше означена како „најсекси хокеарска голманка на светот“ - сè додека не даде отказ за да стане модел со полно работно време.

Демајтер, од Чатам во Онтарио, играше за Блувотер Хокс во провинциската женска хокеј лига.

22-годишната девојка морала да се држи покриена од глава до пети во заштитна облека кога е на мраз.

Но, нејзината страница на Инстаграм покажува сосема поинаква страна од неа - и токму таму таа објави дека ги закачува ракавиците.

Микејла доби околу 1,3 милиони фанови на својот профил на Инстаграм, а дел од нив ја следат и на „ОнлиФанс“ за што ѝ плаќаат по 17 долари месечно за претплата.

Повеќе фотки ТУКА

(Фото) Теа Таировиќ ја покажа тангата

Популарната српска пејачка, Теа Таировиќ летово работно го поминува во Црна Гора, но сепак наоѓа и време за одмор.

Имено на социјалните мрежи се појави видео како пејачката се разладува на една од плажите на црногорското приморје, па предизвика лавина на коментари.

Но, не поради изгледот кој е неспорен за зборување, туку поради тоа што имаше обезбедување во водата и на плажата.

Теа уживаше на големата плажа во Улцин, а не и сметаше тоа што цело време се сликаа со неа и ја снимаа од сите агли.

Овие два збора никогаш не смеете да му ги кажете на вашето дете

Секое дете од време на време се вознемирува, што е сосема нормално затоа што се уште учи да ги контролира своите емоции. Но, кога детето почнува да паничи или да покажува бес, многу родители користат вообичаена фраза од два збора што никогаш не треба да ја кажат кога детето е вознемирено.

Така барем мисли експертот за родителство Рејчел Ромер, мајка на две деца.

Како што објаснува за CNBC, апсолутно најлошото нешто што еден родител може да му го каже на своето дете е „смири се“. На децата треба да им се покаже смиреност, а оваа фраза може да ги направи вознемирени.

„Имам две мали четиригодишници и размислувам како, кога се загрижени, да им кажам дека треба да се смират е дефинитивно една од најлошите работи“, рече таа.

„Кога ќе му кажеме на детето дека треба да се смири, само му потврдуваме дека неговите емоции не се важни и дека треба да ги контролира, што дури и ненамерно може да делува како омаловажување“ – вели таа.

Покрај тоа, експертот објаснува како оваа вообичаена фраза на многу родители предизвикува повеќе штета отколку корист.

„Детето има впечаток дека не е забележано, дека на некој начин всушност треба да се срами од своите реакции и емоции, а тоа никогаш не е добро“, заклучила таа.

Популарно