Откриена 9-та планета во сончевиот систем

Научници од Инситутот за технологија во Калифорнија објави денеска дека дошле до „добри податоци“ за постоење на девет планети на работ на Сончевиот систем. Се верува дека тој гасов џин е голем скоро како Нептун и дека има орбита милијарда километри од патеката на Нептун, што значи, дека му треба 10.000 до 20.000 години да сврти околу Сонцето.

soncev-sistem-planeta-zemja-novo-02

„Планета 9“ како што и дадоа име Мајк Браун и Константин Батигин од Институтот за технологија од Калифорнија, сепак се уште не е воочена. Научниците своите тврдења за постоењето на планетата ги темелат на математички и компјутерски модели и предвидуваат дека откритието со телескоп ќе следи во рок од пет години.

Браун и Батигин соопштија дека своето откритие го објавиле во списанието „Astronomical Journal“ затоа што сакаат и други со телескоп да ја бараат деветата планета на Сончевиот систем.

– Ние можевме да молчиме и можевме во следните пет години да го пребаруваме небото сами со надеж дека ќе ја најдеме. Но, повеќе сакам некој да ја најде пред, отколку јас подоцна, рече Браун.

Браун изјави дека нема да има дебата како за Плутон чиј статус на планета е укинат во 2006 година. Тој се смета за „убиец на Плутон“ затоа што помогна Плутон да се отстрани од списокот на планети и да се прогласи за планета-џуџе .

Браун и Батигин своите тврдења ги засноваат на фактот дека во Кајперовиот појас, област зад Нептун во кое постојат многу ледени тела, постојат шест објекти кои делуват како да се под влијание на планетите.

– Тоа е предвидување, Ние го пронајдовме гравитациониот потпис Планета 9 која се крие на перифиеријата на Сончевиот систем, рече Батигин.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно