Тајни кодови на вашиот мобилен: Дали некој ве прислушкува или следи?

Tајните кодови постојат многу пред ерата на мобилните телефони, па така денеска се применети и на „Аndroid“ уредите.

Доколку батеријата брзо ви се троши и телефонот произведува чудни звуци, ова е класичен знак за прислушкување на телефонот, бидејќи прислушкувањето ја црпи неговата сила, па дури и кога не го користите телефонот.

Нормално, секој смартфон на „Аndroid“ нема да ги поддржува сите кодови, но секако можете да тестирате…

1. *#06# – „IMEI“број.

2. *#0*# – Сервисно мени на уредите како „Galaxy S III“.

3. *#*#4636#*#* – Информации за уредот, корисничка статистика и батерија.

4. *#*#34971539#*#* – Детали за камерата.

5. *#*#273282*255*663282*#*#* – Инстант бекап медиска датотека.

6. *#*#197328640#*#* – Активирање на тест модот на уредот.

7. *#*#232339#*#* – Teст за „Wireless LAN“.

8. *#*#0842#*#* – Teст за вибрации и позадинско осветлување.

9. *#*#2664#*#* – Teст на екранот чуствителен на допир.

10. *#*#1111#*#* – „FTA“софтверска верзија (1234 внатре во истиот код ќе понуди поглед во „PDA“и верзијата „firmware“)

11. *#12580*369# – Информации за софтверот и хардверот.

12. *#9090# – Дијагностички информации.

13. *#9900# – „System dump modе“.

14. *#301279# – „HSDPA“/„HSUPA“ контролно мени.

15. *#7465625# – Поглед на стасусот за заклученоста на телефонот.

16. *#*#7780#*#* – Рестартирање на податоците на фабричките подесувања.

17. *2767*3855# – Форматирање на уредот на фабричките подесувања (предупредување–ова брише се во уредот).

18. *#*#7594#*#* – По внесувањето на овој код, активирано е директно гасење на уредот.

19. *#*#232338#*#* – Прикажување на „Wi-Fi MAC“ адреси.

20. *#*#1472365#*#* – Брз„GPS“ тест.

21. *#*#1575#*#* – Детален „GPS“ тест.

22. *#*#0*#*#* – Teст за„LCD“ екран.

23. *#*#0289#*#* – Aудио тест.

24. *#*#0588#*#* – Teст на сензорите за близина.

25. *#*#3264#*#* – Приказ на „RAM“ верзијата.

26. *#*#232331#*#* – „Bluetooth“ тест.

27. *#*#232337#*# – „Bluetooth“ адреса.

28. *#*#7262626#*#* – „Field“ тест.

29. *#*#8255#*#* – Следење на „Google Talk“ сервисот.

30. *#*#3424#*#* – Teст на фунциите за „HTC“ уредите.

31. *#*#4636#*#* – „HTC“ инфо мени.

32. ##8626337# – Стартувај „VOCODER“

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно