(ВИДЕО) Им се смеел цел Лондон.. Со луксузна јахта удрил во мостот!

Луксузната јахта Викторија се нашла во голем проблем кога се обидувала да помине под мостот на реката Темза во предградието на Лондон.

Пред бројните вџашени пешаци на мостот и долж брегот на реката, јахтата неколку пати го погодила мостот. Кој и да управувал со неа, се обидел да ја исправи и намести така да помине под мостот, но тоа не му успевало.

Наводно го отфрлала нешто посилни речна струја, но јахтата во секој случај беше премногу висока за да може да помине без никакви проблеми. Ситуацијата траеше околу десет минути, при што, поради осеката, нивото на Темза паднала за неколку сантиметри, доволно јахтата конечно да помине.

(ВИДЕО) Црногорец застана да наточи гориво, а потоа направи нешто поради кое му се смее цел Балкан

На Фејсбук страната Подгорички времеплов, се појави снимка од кражба на бензинска пумпа што го насмеа целиот регион. Видеото покажува како постар човек од поголема градба со “брзи” движења прво го зема едното и другото шише од полицата пред влезната врата во пумпата, веројатно мислејќи дека никој не го гледа. Не знаеме каков епилог имаше оваа кражба во самата пумпа, но коментарите на Фејсбук се повеќе од закон.

(ВИДЕО) Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и демолирал BMW

Расправијата на двајца Босанци во австрискиот град Леоберсдорф, завршила со страшно изживување над автомобил марка BMW.

Човекот кој го снимал овој настан е и учесник во расправијата и од почетокот му зборува на човекот со капата - "ајде, кажа, ајде сега". 

Мажот со капата некое време им одолева на провокациите, а потоа го отвора багажникот, вади лопата и го уништува автомобилот.

Не е јасно дали тука станува збор за одмазда, расправа или обложување, но едно е очигледно: штетата на автомобилот е таква што ќе бидат потребни многу пари за поправка.

Снимката се појавила на Фејсбук и за 20 часа ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе.

Популарно