Францускиот амбасадор Тимоние: Препораката за членство во ЕУ виси, поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците

Препораката за членство во ЕУ виси, поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците, изјави  Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Според него, може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради начинот на кој вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието.

– Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизациска дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава – изјави Тимоние.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно