ФОТО: Бекамови трошат богатство во Црна Гора

Викторија и Дејвид Бекам вчера во попладневните часови слетаа на аеродромот во Подгорица од каде се упатиле на Свети Стефан, каде престојуваат во еден од најлуксузните хотели на црногорското приморје.

Тие веднаш по доаѓањето во хотелот заминале на плажа каде што Викторија ги направи првите фотографии.

Во луксузниот ресорт во кој престојуваат Бекамови ноќевање во делукс апартман чини околу 1800 евра по лице, а пристапот до плажата е дозволен исклучиво на гостите.

Камерон Диаз конечно откри зошто престана го глумата

Поранешната холивудска ѕвезда Камерон Диаз ги откри причините поради кои се повлече од филмската индустрија, кажувајќи дека го нашла мирот кога престанала со глума.

47-годишната Диаз гостуваше во поткастот на Гвинет Палтроу, па со поранешната колешка дискутираа за винскиот бизнис, и тоа како и се променил менталитетот со стареењето и за влијанието на кариерата на нејзиниот квалитет на живот и врски.

-Актерите се инфантизирани. Ставени сме во позиција во која за сѐ во нашиот свет се грижи некој друг, рече Диаз, додавајќи дека никогаш не се чувствувала удобно со таквиот живот, па морала да преземе одговорност.

Вели дека се одлучила да стане самостајна и дакажала оти може да се грижи за себе како возрасна личност.

(Фото) Роналдо и Георгина го привлекоа вниманието, а обезбедувањето имаше само една задача...

По завршувањето на сезоната во Серија А, фудбалерите на Јувентус очекувано добија неколку денови заслужен одмор, пред осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион кое ги чека веќе в петок.

Но, во центарот на вниманието повторно е Кристијано Роналдо кој со семејството се одмора во Портофино. Синоќа тој во придружба на Георгина, беше на вечера, па очекувано цело Портофино тоа го следеше.

По кратката прошетка се сместија во ресторанот „Ла Лангостерија“ каде престојуваа неколку часа. Со Роналдо беше и неговото обезбедување како фановите не би му пречеле во дружбата. А, нивната задача единствено беше никој освен келнерите да не се доближува до масата на Роналдо.

На Роналдо на вечерата му се придружи и неговиот поранешен соиграч од Спортинг, Хозе Семедо, со кого останаа големи пријатели.

Односот со Хари е лош, а еве и зошто!

Односот меѓу Меган Маркл и принцот Хари е лош, а Меган наводно не сака да го прослави ниту роденденот заедно со него.

Поради изолацијата во која се наоѓа, како и фактот дека последните месеци медиумите ги имаат на тепат, војвотката не е расположена за прослава, вели нејзин пријател за странските медуми.

„Многу тешко го поднесува тоа што пријателите мораат постојано и неуспешно да ја тешат и тераат секој ден да се врати на старата верзија од себе“, објасни нејзин пријател, чиј идентитет не го откриваат медиумите.

Во претходните денови се појавија информации дека Меган ќе се разведе од Хари, а дали тоа ќе се случи навистина, останува да видиме во следниот период.

Популарно