Кејт Мос призна дека жали за неславниот цитат за нејзиното слабеење

Всушност тоа е и една од работите за кои најмногу жали, открила во новото интервју за телевизијата "NBC".

"Тогаш живеев со колешка и тоа го потпевнувавме кога на пример, јадевме кекси", се потсетила 44-годишната манекенка и нагласила дека денес повеќе не верува во таа мантра и дека е среќна што гледа дека модната индустрија се менува на подобро.

"Рзличноста денес е многу позастапена во модната индустрија, од тогаш. Постојат толку различни големини, бои и висини", искоментирала Кејт во интервјуто, во кое се присетила и на позирањето во топлес на почетокот на кариерата, кога имала само 15 години.

"Бев под притисок. Работев со фотографката Корин Деј, која обожуваше да ме фотографира топлес, иако мене тоа од самиот почеток не ми се допаѓаше. Тоа не би ѝ го дозволила на мојата ќерка", заклучила Кејт, чија 15-годишна ќерка, Лила Грејс Мос Хек исто така сака да се занимава со манекенство.

ФОТО: Ана Ивановиќ ќе стане мајка по втор пат

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот Инстаграм профил објави дека е во исчекување на нејзиното второ дете.

Таа убавата вест заедно со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ја објавија преку фотографија на која има четири пара патики, од најголеми до најмали.

Поранешната тенисерка во минатото има изјавено дека откако го родила синот Лука нејзиниот живот се променил и дека мајчинството е најубава работа на светот.

Иако никогаш во јавноста не открива детали од приватниот живот, на Ана очигледно и годи да сподели ваква вест со целиот свет. 

Погледнете: 

ВИДЕО: Андријана Лима ја оправда титулата „најубава жена на светот“

Андријана Лима вчера прошета на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан. Притоа не пропушти шанса а да не заблеска на преубав фустан со висок шлиц.

Светкавиот фустан на бразилскиот модел Лима изгледаше совршено.

Таа се појави во фустан со гол грб под кој не носеше градник, а многумина се согласија дека имаше најубав фустан.

ФОТО: Зад маската се крие вистински фраер

Пред точно 12 години Украина на Евровизија ја претставуваше Верка Сердучка која со својот спектакл го освој второто место и на Европа и приреди спектакуларно шоу кое се уште се памети.

Тој со 235 поени заврши веднаш зад српската претставничка Марија Шерифовиќ која победи на Евровизија во 2007 година со песната „Молитва“.

Украинскиот пејач и комичар Андриј Михајловиќ Данилко започнал да пее под името Верка Сердучка во далечната 1991 година кога во Украина јавно се претставил како жена во средни години која живеела во советската доба, а во хумористичните скечеви зборуваше на мешовит украински и руски јазик.

Тој пред три години се појави како член на жирито на Х фактор во Украина како нормален маж, па предизвика лавина коментари како навистина изгледа тој без да се маскира.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Live On-air @ #xfactor7 #xfactor (Photo by @the_hardkiss )

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

“А нашi самi луччi!” @xfactorstb

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The Grand Final day

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

Популарно