Како до новогодишна елка која изгледа магично?

За декорација на новогодишната елка. комбинацијата на црвени и златни лампиони е класика на која секогаш ѝ се враќаме.

Ако сакате оваа Нова година вашиот дом да изгледа поразлично, задолжително размислете за идејата да ја украсите вашата елка со лампиони во зелена боја.

Кога станува збор за украсување на новогодишната елка, многумина избегнуваат зелена боја, бидејќи мислат дека нема да дојдат до израз, поради елката. Лампионите можеби нема да бидат впечатливи како црвените и златните но, без оглед на тоа, впечатокот навистина ќе биде прекрасен.

Елката украсена со зелени лампиони, може да изгледа многу елегантно, префинето и интересно. Ако сакате малку да ја разбиете зелената боја, совршен додаток на оваа топла и смирувачка боја ќе биде бела или сребрена боја.

За тоа дека новогодишната елка изгледа совршено и кога е украсена со зелена боја, погледнете ги фотографиите и сами проценете. 

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно