ФОТО: Кили стана дедо

Ќерката на македонскиот актер Кирил поп Христов, Јоана, се породи и на свет го донесе момчето  Аниш Круз Родригез Деан.

Овие радосни вести на социјалните мрежи ги сподели Нина Деан која напиша:

„Добредојде на светот, Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам сестро“ напиша Нина на социјалните мрежи.

Сопругот на Јоана исто така бјави фотографии од среќната мајка и бебето.

Тимберлејк раскажа како публиката фрлала шишиња со урина кон него

Еден од најпопуларните пејачи, но и еден од омилените меѓу женската публика, Џастин Тимберлејк (39) не баш секогаш поминувал добро на настапите.

Иако публиката го сака и доаѓа на неговите концерти, Џастин се присети на еден од најнепријатните искуства од своите настапи.

Тој на почетокот на кариерата доживеа голема непријатност и тоа на концерт со групата „Ролинг Стоунс“ во Торонто во 2003. година, кога од публиката го гаѓаа со шише со урина. Тимберлејк вели дека имал чувство дека нешто лошо ќе се случи.

-Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на бина: Мислам дека ова нема да помина добро. Така и беше, истакна пејачот.

Иако од публиката фрлале шишиња со урина, Џастин одлучи да не го прекине настапот, туку остана на бина. Првото шише го избегна играјќи на сцената, а настапот го продолжи изведувајќи песна на клавир, кога уште едно шише полетала кон неговата глава, но публиката наскоро престанала да фрла шишиња.

-Или изгубија трпение зашто останав на бината или снемаа урина. Имам доста трауми од тогаш, вели Тимберлејк.

Пејачот истакна дека е горд на тоа како ја преживеал ситуацијата која настанала во тој момент, но ги советуваше младите генерации да бидат упорни и истрајни.

ФОТО: Бекам објави фотографија од мајка ѝ, свекрва ѝ и нејзиниот сопруг

Викторија Бекам на модната недела во Лондон ја претставила новата колекција, а најголема поддршка од прв ред ѝ пружало нејзиното семејство. На Инстаграм објавила фотографии од својот сопруг Дејвид со мајка ѝ и свекрва ѝ, а фановите зборуваат само за неговите чорапи.

Имено, секогаш одлично стилизираниотБекам, овој пат направил опасна модна грешка со црни лаковани чевли и темно сино одело, облекол снежно бели чорапи. Во коментари веднаш сите почнале да му пишуваат критики.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@davidbeckham and the two mums backstage at #VBAW20 😂 So many kisses x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

ФОТО: Таа е новата Мис Германија, првпат во 93. години избрана ваква победничка

Натпреварот за Мис на Германија е актуелно од 1927 година, но од минатиот викенд многу работи се поинакви, а историјата е одново испишана...Титулата ја понела Леона вон Хас, која во победничкиот говор меѓу другото рекла и кратка реченица која е во контекст со тоа што токму таа ја земала главаната награда.

„Ова е ноќ на силни жени“ истакнала најубавата Германка, која има 35 години, а победила, верувале или не, во конкуренција со дами на возраст до 18 години.

Таа е најстарата мисица во историјата на ова 93-годишно постоење, односно прва мајка на која тоа ѝ тргнало од рака.

Зеленооката убавица истакнала дека сака да ја симболизира модерната жена од 30 години, која ќе покаже колку вредат самоувереноста и самостојноста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Sun’s out, buns out! (Stretch marks, scars, cellulite and all the good things included). 🍑🌞🐡

A post shared by Leonie von Hase (@leonievonhase) on

„Женственоста не се дефинира со облека. Не ми се потребни фустани за да ја изразам својата женственост“, нагласила таа и додала дека најдобро се чувствува во панталони.

Инаку, овогодинешниот натпревар за МИС во Германија не бил специфичен само по победничката, туку и по тоа што во жири седеле само жени.

А, уште поголемо изненадување било што немало ревија во костими за капење. Натпреварувачките се покажале во вечерни фустани и лежерна облека, со високи потпетици, но и во лежерни чевли без високи потпетици.

Популарно