ВИДЕО: Пола македонска естрада на шопинг во Шутка

Класика се веќе шопинг турите во Солун и Софија. Да отидеш на шопинг во Шутка, да си купиш се „оригинал” , за мала сума на пари.

„Оригинал” ташни за 300 денари, “оригинал ” патики за 800 денари, јакни, кошули, накит, козметика, долен веш, “златен”накит, еден куп светки... се на едно место.

Естрадниот магазин Бекстејџ реши да истражува на тема: Кои од македонските јавни личности пазари во Шутка?

За да ја разрешат дилемата и да дознаат информација од прва рака, го посетија пазарот во Шутка...

Тони Зен, Слаткаристика, Панчо беа само дел од одговорите...

Кои други јавни купуваат од Шутка, а се срамат да признаат, погледнете во продолжение:

ВИДЕО: Лила се преплаши и се изнервира

Лила Филиповска секојдневно на својот Инстаграм профил објавува фотографии и видеа од своето секојдневие и веќе долго време го носи епитетот за најдобар инфлуенсер во Македонија.

Последното видео на нејзиниот профил слатко ќе ве насмее.

Имено, додека таа се подготвуваше и шминкаше, нејзиниот асистент ја исплаши, а како велат, додека жена се шминка не ја нервирај.

Лила на ова изреагира бурно и му врати со: Иди бе у пи**у материну…секако на шега.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

ФОТО: Што сподели Боки 13 на социјалните мрежи пред да биде уапсен?

Како бомба одекна веста за апсењето на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вчера на Граница. 

На Боки му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Ова е неговата последна објава на Инстаграм, ден пред да биде уапсен и пред да му биде одреден притвор.

По апсењето, имаше реакции од сите страни.

Бранко Героски денеска се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и напиша дека нема да се извини на СДСМ, туку дека партијата е таа која треба да се извини на симпатизерите.

- НЕ, НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА СДСМ ЗА БОКИ, ТУКУ СДСМ ЌЕ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ЧЛЕНСТВОТО И НА СИМПАТИЗЕРИТЕ!

Саше будалетинката бара да сум му се извинел на СДСМ за "клеветите" дека Боки 13 дејствувал "заедно со власта". Настрана што тоа никогаш не сум го кажал...

Погледнете го колажот од фотографии и врднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини.

Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дегинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел.

Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат...напиша денеска Героски на Фејсбук.

ФОТО: Боки 13 пред пластичмите операции!

Поранешниот вoдител и шоумен, а сега сопственик на телевизија 1 ТВ, Бојан Јовановски, од вчера е осомничен за земање рекет и ќе помине 30 дена во притвор во Шутка.

Боки пред неколку години престана да се облекува како жена и го врати својот машки изглед, но и драстично ослабна што заслужува секоја пофалба. Од друга страна пак, пластичните операции се уште паѓаат во очи, посебни оние на неговото лице кои се воочливи на прв поглед.

Погледнете како Боки 13 изгледаше во младоста, пред сите оние бројни познати (и помалку познати) трансформации низ кои помина со тек на годините.

Популарно