23.000 Македонци го направија овој потег - плата до 1.900 еврa

Според последниот извештај на австриската агенција за вработување, во Австрија престојуваат повеќе од 1 милион и 200 илјади странски државјани. Половина од нив потекнуваат од земјите кои не се членки на ЕУ, а околу 317 илјади странци потекнуваат од земјите на поранешна Југославија. Врз основа на официјалната статистика, во Австрија моментално претстојуваат околу 23.000 Македонци.

Тоа што ја прави Австрија привлечна за голем број странски работници, меѓу кои се вбројуваат и Македонците, е големата понуда на работни места како за домашното население, така и за населението од останатите земји. Поради тоа, Австрија спаѓа во земјите со релативно ниска стапка на невработеност. Имено, населението кое е невработено, а притоа активно бара работа изнесува 5.3 проценти од вкупното работоспособно население. Стапката на невработеност кај населението со австриско државјанство изнесува 4.9 проценти, додека пак невработеноста кај жителите со неавстриско државјансто е малку поголема и изнесува 9.9 проценти.

Австрија секоја година има потреба од голем број на сезонски работници во областа на туризмот, земјоделството и шумарството. Токму затоа, нешто повеќе од 30.000 работници секоја година заминуваат на сезонска работа во Австрија. Постои висока побарувачка за најразлични видови на професии, меѓу кои како најбројни се вбројуваат: келнери, готвачи, помошници во кујна, собарки, чистачки, рецепционери и сл. Потребата за овие работници е најголема во два годишни периоди, и тоа: од ноември до март во западните региони на Австрија каде што се одржуваат зимските спортови; и од мај до октомври во сите туристички региони во Австрија. Потребното ниво на познавање на германскиот јазик варира во зависност од позицијата, но во најголемиот дел од огласите се бара негово основно познавање (B1/2 за позиции кои бараат секојдневна интеракција со клиенти; и А1/2 за останатите позиции). Работното искуство на слична позиција се смета за предност, а добредојдени се и сите препораки, сертификати и награди така што се земаат предвид при финалната селекција.

Трошоците за сместување и исхрана се во целост покриени од страна на компаниите кои вработуваат, па така останатите трошоци се минимални (работниците ќе бидат однапред запознаени со можните трошоци што може да произлезат во текот на престојот). Сместувањето се наоѓа во непосредна близина или во рамките на туристичкиот центар во кој работникот ја извршува својата работа.

Платата на работниците се утврдува во зависност од многубројни фактори како што се: колективниот договор помеѓу синдикатот и државата, бројот на работни часови, прекувремена и ноќна работа, работа за време на празници и сл. Имајте предвид дека врз основа на колективниот договор, минималната плата на работниците мора да изнесува најмалку 1000 евра, а од мај 2018-та година изгласан е нов колективен договор за вработените во угостителскиот сектор со кој минималната плата се зголеми од 1460 на 1510 евра бруто. Во однос на редовното работно време, утврден е фиксен износ на работни часови во текот на денот со можност за платена прекувремена работа во зависност од реалните потреби. Платите се разликуваат од професија до професија меѓутоа во просек се движат од 1300 до 1900 евра без вклучени бакшижи и бонуси. Притоа, најплатени се готвачите чија месечна плата достигнува до 1900 евра, а најмалку платени се келнерите и собарките со по 1400 евра. Во сферата на туризмот, донесен е специјален закон во кој е утврдено: бројот на работни часови во неделата или месецот; паузите за одмор; и слободните денови. Дополнително, законот предвидува исплата на 13-та и 14-та плата која им следува и на сезонските работници во зависност од бројот на месеци во активен работен однос.

Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен

Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.

Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.

– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.

Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.

- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.

Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.

Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, меѓу другото, ни остави генијална мудрост и универзални изреки кои се актуелни во секое време.

Меѓу нив е и лекција што секој треба да ја запомни - како да препознаете глупави луѓе?

Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост, а ве советува како да ја откриете во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рече Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа.

Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте стандардите поради тоа и не правете што сакаат, изиграјќи кловнови. Верувај дека ќе те искористат во одреден момент, тоа е самата природа на луѓето.

Кога ќе им дадете еден прст - тие ја земаат целата рака. На крајот, и покрај се, навистина повеќе нема да ве ценат, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.

Ако не ви веруваат - не барајте изговори за нив

Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористи за некои лоши намери. Доволно е и покрај се да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.

Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинската внатрешност на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Најмалото бебе на светот и понатаму води вистинска борба за сопственото здравје

По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома. Имено, Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.

Имено, Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Борбата со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да таа да мора да се храни преку назогастрична цевка.

Покрај сето ова, Робин се соочи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично, но, за среќа успешно ја надмина.

„Бевме многу возбудени кога ја донесовме дома – тоа беше како остварување на сонот“, рече нејзината мајка Шантел.

Иако таа сега е во топлото семејно гнездо, борбата на малата Робин сè уште не е завршена. Нејзините родители сега треба да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема која е потребна за нејзиниот развој. За овој „луксуз“ потребни им се 100.000 фунти (околу 120.000 евра) а од собраните пари планираат да ѝ купат специјална опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе помогнат во нејзиниот развој.

„За малку ќе ја изгубивме во мај, и тоа беше многу тежок период кога ја доби инфекцијата на белите дробови, но оттогаш таа само стануваше сè посилна. Во последните три месеци таа навистина добро закрепна и стана доволно здрава за да можеме да ја однесеме дома“, изјави Шантел, пишува „Daily Mail“.

Популарно