Миленко Неделковски со име и презиме: Ова е „швалерот“ на Катица Јанева и тој „рекетирал“

Ова што го објавувам вечерва не го сметам за бомба. Имено, мислам дека називот “бомба“ што на снимените разговори го дадоа од СДСМ на чело со Зоран Заев, а и овие што ги објавија Момировски, Златев и на крај Геровски е НЕСООДВЕТЕН.

Едноставно, се објавуваат тајни, скриени работи, поврзани со криминал, изнуда, рекет, мито, злоупотреба на службената дејност и слично.

Значи, кој како сака, ама ова не е бомба, ами вистината за еден криминал на влијателни функционери од СДСМ, вистината за еден љубовен триаголни и вистината за политички погреб на инволвираните. И крајно, истрага, судење и затворски казни за сторителите.

Кај мене нема кики-фрики новинарство на полутипови со мали бабулиња. Кај мене има се со име и презиме. Повелете:

Прво место каде што можевте да прочитате дека се во љубовна врска (по скопски, се шваљерисуваат) Катица Јанева првиот човек на СЈО и Сашо Василевски првиот човек на МЕПСО, беше на моите медиуми.

Нивната љубовна врска, завршува неславно. Но таа врска продуцирала криминал, рекет, изнуда..., а подоцна и активирање на СЈО со предмет против компанија од Македонија.

Имено, во времето кога не сонувале дека Зоран Заев ќе ги смени, генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски и неговата десна рака, дирекоторт на правниот сектор и член на УО на МЕПСО Др. Ненад Крстевски се обиделе да изрекетираат повеќе фирми.

МЕПСО должел кон фирмата Бетон од Штип цца 2.500.000 евра за изведената реконструкција на зградата на МЕПСО. Бетон Штип положува банкарска гаранција од цца 500.000 евра за да го гарантира квалитетот на изработеното. На крајот од сработеното, надзорниот орган утврдува дека има забелешка на работата на позиции само за сума од 30.000 евра.

МЕПСО долго време го влече неплаќањето на фактурата кон Бетон за изработеното.

Користејки ја оваа ситуација, двојката Сашо-Ненад бараат од директорот на Бетон 10% за нив во кеш, за потоа МЕПСО да ја плати фактурата во целост, која повеке од 1 година не ја плакаат. Значи бараат рушвет од 250.000 евра. За да ја зацементираат понудата, гарантираат дека било што и да има во “Бомбите“ на Заев, Бетон нема да биде пипнат од СЈО, затоа што Сашо ја контролира и задоволува по дома Катица.

Управниот одбор на Бетон не се согласува да плати, но по притисок од подизведувачите и банките, после 3 месеци дава согласност и парите ги зема Ненад, овој де Др. Крстевски, и им ги носи на Сашо и Катица Јанева. Таму секој зема онолку колку си заслужил.

За нивна жал, делот со земање пари е документиран со видео и аудио снимки.

Забеганоста кога е човек на власт, подрзбира разврат, полигамија, дрогирање, рекетирање, курчење, претерување во се и сешто.

Охрабрени од успехот со Бетон, двојката Сашо-Ненад, со поткрепа на Катица Јанева, се впушта во рекет на и друго место. Имено, во коплекссот “Панорама“ во Скопје на осомничен во случајот Империја му бараат два стана, едниот од 180 и едниот од 150 квадрати со пазарна вредност од околу 500.000 евра. Ги бараат на нивно име, ама со тоа ништо да не треба да платат. Или да платат преку кредит, а парите да се вратат во кеш. Заради антикорупциска, да има форма....

До таа мерка се сигурни дека ќе ги лапнат двата стана што во повеќе наврати доаѓаат со архитекти специјализирани за внатрешно уредување, докажани во смислување на ексклузивен ентериер, па со архитектите и инженерите што го изведуваат објектот договараат кои измени би требало да се напрват во “нивните“ станови. И сите по нивни барања се направени на објектот . Зид ваму, зид таму, врата онде,а не овде, балкон ваков купатило онакво и сл. Жена му на Ненад и девојката од Австралија на Сашо ќе бидат сведоци....

Две работи се случуваат безмалку во исто време.

Прво, рекетираниот обвинет во Империја не сака да ги даде становите бакшиш. Затоа двајцата од МЕПСО, како освета на Бетон од Штип му ја пуштаат банкарската гаранција, на што немаат право. Па така, наместо на Бетон да му платат два милиона 500-и-кусур илјади евра, тие му земаат и додатни 500.000.

И второ, на Сашо Василевски му е малку врската со Катица Јанева, па си фаќа друга женска! Млада, згодна и што е најважно витка. Стројна мома. Девојката е од по потекло од Македонија, ама дојдена е тука од Австралија. Врската станува толку сериозна што Сашо со својата нова стројна (витка) љубов, заминува за Австралија за да биде претставен пред родителите на “младата“.

Нормално, ова се‘ го разбира Катица Јанева. И како секоја преварена и оставена жена, реагира жестоко. Ја вклучува фирмата Бетон Штип во рамките на процесот Империја. Таму се појавуваат имињата на Сашо и Ненад, па нив ги менува Зоран Заев. А сега, сите снимки на разговорите на Сашо и Ненад со рекетираните постојат, ги имаат ЈО и Рускоска.

Разврат, забеганост и криминал е заштитен знак на фашистичкиот режим на Зоран Заев. Неговите кадри се исти како него. Го копираат во стратегијата едно-евр-за-вицето, во крадењето на струја на татко му, продавњето на државата.

Кацарска судството, Рускоска обвинителството и Катица специјалното се камшикот на оваа власт која сака да краде и уништува, а они да не бидат пипнати.

ЈО нема одговор на прашањето дали допре гласот за Кики Кирацовски и Рики Ременска, дали допре гласот каде е Катица и каде е нејзиниот втор телефон. Допре ли гласот за Лиле Стефанова?

Со вакво партизирано и мафијашко судство и обвинителство, никаде нема да стигнеме.

М, Неделковски

За Дудинка

21.07.19 22.41 ч. - Скопје

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа

Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.

Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.

Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

Популарно