Поскапеа патарините во Србија: Колку треба да платите од Ниш до Белград?

Јавното претпријатија „Патишта на Србија“ објави дека денеска од седум часот утрово во Србија се наплаќа поскапа цена на патарините на автопатиштата.

Ценовникот со детален приказ на новите цени по делници е поставен на сајтот на „Патишта на Србија“.

За потсетување, претходно патарината во Србија поскапе пред две години на 7 јануари 2017 година за 10 отсто.

Во зависност од категоријата на возилото, новите цени на автопатот Белград – Ниш чинат од 450 до 5.140 динари, за автомобили патарината е 900 динари, а од Ниш до Прешево – 600 динари.

Кога станува збор за автопатот кон Хрватска, во зависност од категоијата на возило за патарина од Белград до Шид треба да носитесо себе од 410 до 2.530 динари.

Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани

Пред 17 години, Славиша Јовановиќ од околината на Ниш ја продал својата нива на општината за да се прошират гробиштата. Бидејќи парите не биле уплатени во целост, тој ја тужел општината. По десет години постапка, судството наместо пари му ја враќа нивата но со телата на 150 закопани. Во проблем се нашло и самото село бидејќи „новиот сопственик“ на гробиштата не е овластен да организира погреби.

„Едноставно не можам да го поднесам ова. Се ми е толку непријатно што не можам да спијам навечер“, кажал Славиша Јовановиќ за n1.

Претседателот на Советот на судот, Жарко Рајковиќ, навел дека градот не ја исплатил целата сума, па „затоа настанал проблемот“.

Тој вели дека очекува Владата да ја купи оваа парцела и покрај судската пресуда, бидејќи е невозможно да се врати во првобитната состојба.

Апелациониот суд всушност одлучил да укине две пресуди на Основниот суд во Ниш со кои е одлучено да му се исплати остатокот од парите, а местото да остане гробишта. Наместо тоа, Јовановиќ вели дека платил 180.000 динари (1.538 евра) за Апелациониот суд „да му го врати тоа што е негово“.

Претседателот вели, работат на решение а сопственикот на 150 гробови дека ќе почека до крајот на месецот.

Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите

Во Нови Сад попладнево граѓаните се собраа пред Основното јавно обвинителство и судот каде бараа ослободување на локалниот политичар и активист Миша Бачулов.

Тој е меѓу 14-те приведени по демонстрациите поради трагедијата во Нови Сад на Железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот го организираше опозициската група граѓани „Мишини херои“, чиј лидер, член на градското собрание, Миша Бачулов е во притвор.

На повик се одзваа стотина граѓани, активисти, народни и покраински пратеници, како и одборници во парламентот во Нови Сад. Некои од нив носеа маици со порака „Слобода за сите“.

Претставникот на здружението „Биди херој“, Душан Милисављевиќ побара сите уапсени да бидат ослободени и судовите да работат чесно, согласно законот и без притисоци.

-Сите неправедно затворени ја имаат нашата поддршка, сакаме слобода за сите неправедно затворени и сакаме судот да работи независно, без притисоци, рече тој.

Тој додаде дека протестот бил организиран полуспонтано и без намера да блокира нешто, но ги покани граѓаните да ги следат социјалните мрежи во следните неколку дена, бидејќи постои план за понатамошно дејствување и список на акции што ќе се реализираат.

Миша Бачулов е уапсен по протестот во Нови Сад, бидејќи наводно истурил фекалии пред Градското собрание, на протестот одржан во вторник на 5 ноември.

Кога беше објавено дека не се работи за фекалии туку за вода од водоводот во Зрењанин, Бачулов по 48 часа минати во притвор е пуштен на слобода.

Тој повторно беше уапсен во петокот на 8 ноември, а 30-дневен притвор му е одреден и на поранешниот потпретседател на Владата на Војводина, Горан Јешиќ.

Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, а очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад, пренесе Бета.

На состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) Вучевиќ додаде дека обврска и одговорност е да не се дозволи некој да ја пали, уништува и урива државата и општеството затоа што е бесен и лут.

-Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме.

Дотолку повеќе што одговорноста на СНС е најголема затоа што доби најголема поддршка од граѓаните, нагласи Вучевиќ.

Вучевиќ, кој е и претседател на СНС, по седницата изјави дека во наредните денови очекува уште оставки.

Тој додаде дека на Претседателството на партијата се разговарало за конкретни имиња кои треба да сносат политичка одговорност, јави ТВ Н1.

-Кога велиме дека очекуваме од нашите членови политички да се борат, тоа не значи дека некој некого аболира или амнестира од кривично-правна одговорност, или од политичка одговорност, рече Вучевиќ.

Како што наведе, кога кажуваат дека мора да ја спасат државата, тоа значи дека на несреќа не можеме и не смееме да ја уништиме државата.

Запрашан дали на состанокот на раководството на СНС се разговарало и за конкретни имиња кога станува збор за оставки, на кои тој и Вучиќ претходно инсистираа, тој одговори потврдно.

-Што се однесува до одговорноста, на претседателството разговаравме конкретно и со имиња. Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе ќе сносат политичка одговорност за тоа што се случи.

Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт очекувам уште оставки, нагласи тој, пренесе Бета.

Популарно