Боки 13 „излегува“ од Шутка..

Засега прво осомничениот во случајот „Рекет“  Бојан Јовановски  испратил порака до државниот врв на Македонија да биде преместен на психијатриското одделение, дознава Српски Курир, додавајќи дека Боки 13 нагласил оти ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

Повикувајќи се на извор близок до истрагата за Рекет, која со недели го тресе регионот, порталот пишува дека Јовановски од притвор упатил закани дека поседува круцијални докази против Зоран Заев.

– Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добро, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инјекции за смирување… Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција, вели изворот од Скопје за српски Курир.

Пандемијата уништи една од најстарите стоковни куќи!

Lord & Taylor, најстарата стоковна куќа во Америка, поднесе барање за банкрот.

Компанијата, позната по врвните и екстравагантни производи, побара покренување на постапка за прогласување банкрот, по неуспешниот обид за промена на деловниот модел, поради пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

Компанијата, основана од двајца англиски имигранти на Менхетен во 1826 година, во своето писмо изјави дека има имот и обврски до 500 милиони американски долари.

Дополнителен, а можеби и прв проблем, како што напишавме порано, е тоа што трговските центри веќе некое време се претвораат во „град на духови.“

3 лица починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 14

-Куманово 8

-Штип 13

-Струга 1

-Кавадарци 3

-Гостивар 22

-Кочани 1

-Берово 3

-Виница 4

-Свети Николе 3

-Кичево 2

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:

-Скопје 23

-Куманово 1

-Дебар 1

-Штип 11

-Тетово 17

-Велес 1

-Охрид 1

-Кавадарци 3

-Гостивар 9

-Радовиш 5

-Кочани 1

-Свети Николе 17

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

Ученици во Германија се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија.

Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави која ги прекина летните одмори. Сите 152.000 ученици во регионот за прв пат се вратија во училниците, откако училиштата беа затворени како дел од мерките против коронавирусот, кон средината на март.

За да се минимизира ризикот од инфекција, учениците ќе бидат поделени во групи кои нема да се мешаат.

Главниот наставник во основното училиште „Ројтерхаген“ во Росток, Јан Бонин, вели дека е сигурен дека ќе започне добро наставата.

„ Маските се задолжителни во училишните простории“ изјави Бонин за ДПА, додавајќи дека учениците кои биле нервозни или несигурни поради новите норми, ги поздравиле и поддржале наставниците.

Тој нагласи дека нема да се толерираат оние ученици кои нема да носат маски.

Неколку острови во покраината Шлезвиг-Холстен исто така од денеска ги продолжуваат часовите, а пристанишниот град Хамбург продолжува во четврток.

Училиштата во Берлин и државата Бранденбург најавија дека ќе се приклучат следната недела, како и најнаселената држава Северна Рајна.

Популарно