ФОТО: Семафоp во Ckoпје - зелено или цpвено?

Фотографиите од семафорот на „Трета Македонска Бригада“ во Скопје ни ги испрати редовен читател, кој збунет прашува, како е можно да свети црвени и зелено во ист момент.

- Ваква, навидум мала грешка, може да предизвика страшна сообраќајка. На булеваров навечер се вози со голема брзина, уште семафоров да не работи и....

Инаку, фотографиите се снимени синоќа по полноќ. Се надеваме дека грешката со семафорот ќе биде брзо санирана.

Испратено од Џули

Фото: Вака не се вози ни во Индија

Вистински хаос деновиве. владее низ улиците на Скопје. Граѓаните доставуваат фотографии од несовесни возачи.

Во центарот на Скопје Едниот врти лево каде што е забрането, а вториот вози во грешна насока, вака се вози во центарот на главниот град. Ова е раскрсницата кај Мавровка

Испратено од Жарко

(Фото) Мртви ладни си го раскопаа новит парк во Козле

Кој дал дозвола за поставување на  цевки во Паркот Македонија 2 ден( спроти поранешна Алумина )

Без разлика дали се работи за топловод, гасовод, водовор или било што и да е друго некој кој до вчера коси кубеше за зеленило денеска уништува огромна зелена површина. Одоворот треба да го дадат Град Скопје и општина Карпош но тој несмее да биде дека просторот ќе се врати во првобитна состојба.


После ваквото копање нема да има првобитна состојба. Многу од дрвата ќе се исушат а срушено се и летниковци и реквизити за играње за децата. Дали можеше да се избере да се постави оваа инсталација на само неколку метра понатаму на постоечкиот тротоар каде што нема зеленило? Или враќањето во првобитна состојба е многу поскапо паѓполесноме да се копа во паркот? 

Многу прашања остануваат неодговорени а најсиптоматично е што ќутат и дел од советниците во советот на општина Карпош од СДСМ кои живеат во непосредна близина на овие ровови од 3-4 метри длабочина.

Испратено од Столе

Популарно