ФОТО: Славниот актер ќе стане татко на 61. година

Холивудскиот актер Алек Болдвин на 61 година повторно ќе стане татко, и тоа по шести пат. Неговата сопруга, инструкторката по јога, Хиларија Болдвин (35) ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Хиларија во април годинава го загуби бебето, а своето страшно искуство го сподели со светот на социјалните мрежи. Меѓутоа, храбрата Хилари не се откажа од желбата да стане мајка петти пат.

Хиларија и Алек имаат четири деца, Кармен (6), Рафаела (4), Леонардо (3) и Ромео, кој има само 15 месеци. Алек има ќерка од бракот со холивудската актерка Ким Бесинџер.

Викторија Бекам се откажа од својот Јутјуб канал

Поранешната членка на групата Спајс Грлс и сопругата на Дејвид Бекам, Викторија Бекам, се откажала од својот Јутјуб канал, бидејќи на него не заработувала доволно пари.

Таа на својот канал заработувала само 30 долари дневно иако имала околу 100.000 претплатници и преку 600.000 илјади прегледи на најпопуларната видео снимка. И покрај популарноста не успеала да заработи толку колку што вложила во снимањето на видео-спотовите.

Таа на својот канал споделувала совети за убавина со нејзините фанови.

„Беше невозможно да се заработи од каналот и донесе одлука да се повлече. Иако уживаше во снимањето на видео-спотовите, трошоците за жал беа поголеми од заработката и се откажа“, рекол извор близок на Викторија.

Меѓутоа, од нејзиниот тим рекле дека каналот не е исклучен, туку дека Викторија нема многу време за да работи на него. Во август „Бизнис инсајдер“ објавија дека некои јутјубери изгубиле илјадници долари.

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер покрена глобална потрага по гитарата на Пол Макартни

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, откако исчезна една негова гитара пред повеќе од 50 години.

Леворакиот басист на една од најголемите музички групи на сите времиња Битлс, бас гитарата Хофнер 500/1 ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург. Макартни на неа свирел две години и на првите два албума на Битлси.

– Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години. Сега дојде време да ја пронајдеме, изјави Ник Вас од фирмата Хофнер.

Старлета ја однела својата 5 годишна ќерка на настан облечена во високи потпетици

Кејти Прајс е британска старлета, презентерка, пејачка и фотомодел, и ја шокираше јавноста со тоа што целосно го смени својот лик со естетски операции. Но, сега таа го сврте вниманието со нејзините родителски способности.

Кејти (41) објавила семејна фотографија на која целото внимание било свртено кон нејзината ќерка Бани (5), позирајќи во розови чизми со високи потпетици.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Can’t wait to spend half term with all my kiddies 💕 what has everyone got planned for half term? 🥰

A post shared by Katie Price (@officialkatieprice) on

„Зошто толку девојче носи потпетици?“,„Како се осмелуваш да и ги облечеш тие чевли? Стварно немаш срам“, се само дел од коментарите кои Кејти сосема ги игнорираше.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🌧Baby, it’s cold outside... @jyylondon 30% OFF my range tonight use code: MONDAY❄️ #JYYLondon #ad

A post shared by Katie Price (@officialkatieprice) on

Популарно