Миленко тврди дека Јанева не во Шутка

Новинарот Миленко Неделковски тврди дека пораешната шефица на СЈО не е во Шутка. Тој наведува:

„Да имаше, што го нема, новинарство во Македонија, журналистичките екипи уште од вечерва ќе кампираа пред капијата на ловиштето Јасен над селото Брезница?! Зошто? Па за да го снимат моментот кога Катица ќе ја носат на распит кај Рускоска. Плус, би поставиле резервни екипи од спртивната страна кај Пешна. За да не бегаат од таму. Кога требаше Грујо да оди во притвор новинарите ко кучиња одеа од суд до Шутка. Се јавуваа со “ексклузиви” на секој 5 минути. А сега сите ко пички молчат!!! Алоооо, во Јасен е, не е во Шутка. Вечерва ќе ја транспортираат накај Скопје во црн Пасат сопственост на Заедничките служби на владата (Рашковски).“

Нова трагедија во Белград: Двајца матуранти се удавија на Ада Циганлија

Припадници на српското МВР, нуркачката единица на жандармеријата, вчера од езерото на Ада Циганлија во Белград извлекле тела на две шеснаесетгодишни деца, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно во полиција околу 17:30 часот било пријавено дека голем број матуранти влегле во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале.

Полициски патроли, како и Нуркачката единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и ја започнале потрагата.

МВР уште еднаш апелира до децата и родителите да не влегуваат во езерото на Ада Циганлија бидејќи со тоа си го ризикуваат животот.

Имајте предвид дека сезоната за капење не е отворена кај Ада Циганлија и затоа нема дежурна спасувачка служба на ова место.

„Нефрон“: Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на Јовев

Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на директорот, професор доктор Сашко Јовев, а за евентуално направените грешки и пропусти во работењето, доколку ги има, соодветно нека биде казнет со други мерки, но, да не се казнуваат пациентите или оние кои чекаат трансплантација, затоа што сите сме свесни дека Националната програма за трансплантација на органи се темели најмногу на ентузијазмот на поединците и посветеноста на тимот. Ова се наведува во денешното соопштение на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ од Скопје.

- Сѐ она што се појави како информација по социјалните мрежи и медиумите за разрешувањето на професор доктор Јовев, директор на Клиниката за кардиохирургија, нѐ вознемири како здружение на граѓани, како пациенти кои чекаат трансплантација и како единствено здружение на бубрежно болни, кое наназад 20 години ја води кампањата за органодарителство и трансплантација на органи, пишува во соопштението.

Од таа причина, решиле да го споделат нивното мислење и загриженост во врска со овој случај.

- Ни во еден момент не сакаме да судиме или браниме и доколку постојат основани причини и грешки во работењето на професор доктор Јовев и Клиниката за кардиохирургија со која тој раководи, постојат процедури и дисциплински мерки со кои истите можат да бидат санкционирани. Но, мораме да се сложиме дека во најтешките времиња во текот на пандемијата со Ковид 19, под водство на професор доктор Јовев и тимот за трансплантација се направи голем исчекор во медицината со првата трансплантација на срце во Македонија, која силно и позитивно одекна не само кај нас во државата, туку и пошироко. Направените 8 трансплантации на срце спасија осум животи и влејаа надеж кај пациентите кои чекаа да им се трансплантира срце, дека најпосле и тие ќе имаат решение за нивните проблеми и ќе продолжат да живеат. Се радувавме со нив, особено затоа што пациентите кои чекаат трансплантација на бубрег имаме опција за живот - тоа е дијализата, а за пациентите кои чекаат трансплантација на срце тоа беше единствениот начин да продолжат да живеат, се додава во соопштението.

Од Здружението истакнуваат дека „не смееме да заборавиме дека како предводник на тимот за трансплантација на срце, докторот Сашко Јовев за првпат направи уште еден голем подвиг несвојствен за Македонија и ги обедини најголемите експерти од областа на јавното и од приватното здравство, со што тој успех беше уште поголем“.

- Епилогот на оваа оптужба и разрешување на професорот Јовев најверојатно ќе заврши како и многу досега, со водење на долги процеси за проценка на стручноста и компетентноста на работењето на лекарите во лекувањето на пациентите, со долги беспредметни судски процеси и долги рокови на процесуирање кои на крајот завршуваат со неутврдување на одговорност и вина, но кој ќе ја понесе одговорноста за направените штети кон професорот Јовев, Клиниката за кардиохирургија, целокупното македонско здравство, а посебно кон пациентите, прашуваат од Здружението.

Затоа, додаваат, „повикуваме во прв план да се стават потребите и животите на пациентите кои чекаат трансплантација на срце и други кардиохируршки интервенции, а суетите по страна“.

Маж загина во тешка сообраќајка помеѓу мотор и автомобил во валандовско

На 06.06.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Валандово. А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово.

Популарно