Фото: „Настрада “ ферарито на Перо Антиќ

Денеска од страна на пајак на Паркинзи Општина Центар беше подигнато неправилно паркираното „ферари“ на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ, Перо Анти.Тој подолго време  непрописно го паркираше своето возило пред седиштето на федерацијата.

За паркирањето во Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ реагираа граѓани, а набргу со коментари се огласи и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој постираше и фотографии како пајак го собира возилото на Антиќ.

Четири години без диџеј Бабура.

Пред четири години на денешен ден почина човекот со вистинско име Љупчо Петровски попознат како диџеј Бабура.

Од тогаш наваму ноќниот живот во Скопје повеќе не е ист.

Љубителите на ноќните забави го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје.

Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата.

Во сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.

Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското „Сити радио“.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Инаку тој беше сопруг и татко на две мали дечиња.

Пријателите го знаеја како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение.

Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.

Фото: Полицајци во поинаква акција

Не сите суперхерои носат наметки, а доказ за тоа се овие двајца полицajци кои и’ помогнале на една бабичка да ја премине улицата кај хотелот Епинал во Битола.

Секоја чест, заслужуваат дебел бонус на платата!

 Извор: “babambitola.mk”

10.000 визи и дозволи за работа годишно издава Германија на македонските државјани

Новите измени во Законот за миграција на работна сила во Германија ќе им овозможи на сите квалификувани работници кои доаѓаат од земји што не се члени на ЕУ да добијат работа под исти услови како и нивните граѓани, особено за занимања кои се дефицитарни.

Околу 10.000 работни визи и дозволи за престој на македонски работници годишно се издаваат во Германија. Но, засега нема точни бројки за тоа уште колку луѓе нелегално работат таму.

Со стапувањето на сила на новиот Закон во март 2020, се очекува уште поголема миграција бидејќи со него ќе се олеснат условите за заминување.

Медицината и индустријата со нејголема потреба за кадар

Новите измени во Законот за миграција на работна сила во Германија ќе им овозможи на сите квалификувани работници кои доаѓаат од земји што не се члени на ЕУ да добијат работа под исти услови како и нивните граѓани, особено за занимања кои се дефицитарни.

Домашните компании кои мака мачат да најдат луѓе за работа се свесни одливот на кадри, но се надеваат дека ќе влијаат на свеста на младите за да им посочат дека и во странство не е сјајно.

Инаку, во земјава работат околу 100 германски фирми кои се подготвени да ги покачат платите доколку се зголеми продуктивноста на работната сила.

Популарно