Кумашинката на Заев му го честиташе роденденот на премиерот

Љупка Митрова, една од најпознатите македонски инфлуенсерки му го честиташе роденденденот на премиерот Зоран Заев.

Митрова наедно е и кумашинка на пефот на македонската Влада.

Заев е роден на 8 октомври 1974 година.

Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“ ќе се одржи следната седмица

Во текот на следната седмица, поточно од 28 септември до 3 октомври, ќе се одржи Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“, кој е во заедничка продукција на НУ Театар Комедија и на Општина Аеродром.

,,Фестивалот на комедијата годинава се одржува малку подоцна, на поинаква локација и со малку подизменет концепт. Мора да истакнеме дека долго анализиравме дали воопшто да се одржи годинашново издание на Фестивалот или да се одложи за следната година. Сепак, одлучивме да го одржиме, но да е од ревијален карактер, со тоа што годинава ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. И локацијата на одржување на Фестивалот е сменета, бидејќи така налагаат протоколите, па овој пат тој ќе се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка ,,Сонце“ во Реонски центар Аеродром.

Подготовките за овогодишното издание веќе привршуваат, а програмата на Фестивалот ќе биде објавена кон крајот на оваа седмица. Целата органзација и реализација се одвива во рамките на протоколите кои се одобрени од страна на Комисијата за заразни болести за организација на настани на отворено. Ќе бидат запазени сите мерки за безбедно следење на Фестивалот од публиката, како и за безбедноста на сите учесници. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, столчињата на кои ќе седи публиката ќе бидат распоредени на соодветно растојание, а ќе бидат спроведени и сите други мерки кои се во согласност со протоколите за одржување настани на отворено. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публика ќе бидат отворени од 19 часот. Како што споменавме, во текот на оваа седмица ќе ја објавиме целосната програма на Фестивалот, како и протоколот“ – истакнуваат од управата на Театар Комедија.

извор: Makfax

Фото: Стефан и Мартин од „Некст тајм“ славеа роденден, па споделија слатка фотографија од бебиња

Дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан деновиве имаа убав повод за славење. Имено, причина поради која се радуваа и славеа беше нивниот роденден.

Токму поради тој повод на нивна адреса пристигнуваа убави роденденски желби.

Во кусите приказни на „Инстаграм“ тие ги споделуваа роденденските пораки. Стефан роденденот на својот брат му го честиташе со една фотографија од близначиња, а како објаснуваше напиша:

„Среќен роденден брат“, напиша тој во описот на фотографијата.

Инаку, Мартин и Стефан наполнија 34 години. Среќен роденден!

Брза пита без кори

Брза подготовка, фантастичен вкус!

СОСТОЈКИ:

300 гр сирење

1 јајце

1 чаша јогурт

3 лажици масло

2 лажици кисела павлака Пекабела

1 лажица свинска маст

1 кесичка прашок за печиво

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изгмечете сирење, додајте јајца, измешајте. Потоа додајте јогурт, масло, павлака па повторно измешајте па додајте брашно и прашок за печиво и соединете со лажица.

Загрејте маст па ставете со лажица тесто едно покрај друго додека ја наполните тепсијата. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Готви.мк

Популарно