Голема експлозија во рудник за јаглен во централна Германија

Голема експлозија во рудник за јаглен во централна Германија под земјата зароби 30 рудари, а двајца се повредени.

Како што пренесуваат странските агенции во тек е голема операција за спасување.

Експлозијата се случила изутринава околу 9 часот. Се соопштува дека рударите блокирани во окното се на безбедно, сместени во подземна ќелија за итни состојби.

Пет новогодишни фотки од Скопје кои го срушија инстаграм

Периодот околу новогодишните празници е исполнет со убава атмосфера, весели мигови и многу фотографии. И оваа година скопскиот плоштад и главниот град блеснаа во појн сјај. Новогодишната магија секојдневно се пренесува на социјалните мрежи.

Фотографиите се објавени на Инстаграм профилот на СкопјеИнфо

Османи: Со една изборна единица Албанците губат десет пратеници

Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања смета дека не смее ставот за изборните единици да се стави во контекст на коалициските односи.

Според него, со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците.

Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници. Еве вие кажете дали е нормално ДУИ да прифати такво нешто, рече Османи.

Оставки од градоначалниците на градовите каде загаденоста повеќето денови е над дозволената граница

Глас за Македонија бара неотповиклива оставка од Министерот за животна средина и просторно планирање, поради неможноста ова министерство да се справи со највисокото можно загадување во повеќе градови во Македонија.

- Бараме оставки и од градоначалниците на Скопје, Тетово и од сите градови каде загаденоста на воздухот во повеќето денови е далеку над дозволената граница. Се покажа дека не се способни да воведат интервентни и брзи мерки за санирање на овој проблем, поради кој во опасност се доведени илјадници животи и здравјето на граѓаните. Бараме, наместо лагите дека поголемото загадување доаѓа од затоплувањето на дрва, отворено да кажат колку увозен опасен отпад влегува во земјата, кој непрописно се согорува, велат од Глас за Македонија.

Оттаму исто така бараат да се затворат веднаш и дивите топилници на метали.

- Бараме во најзагадените градови, веднаш да се прекине со градење на згради за домување, кои веќе сега ги има повеќе од потребното, а прашината од градењето дополнително не гуши. Не е понудено ниту кусо рочно, ниту трајно решение за сообраќајот и огромниот број на коли по улиците. Прашуваме, дали има некој казнет во државата за ваквата алармантна ситуација?

Од организацијата исто така апелираа Министерството за здравство да излезе со точните бројки на ново заболени од канцер, од астма и белодробни заболувања.

Популарно