Фото: Градежната мaфиja не мирува

На социјалните мрежи е споделена фотографија каде се гледа дека се започнати градежни работи во Реонски Центар  Ново Лисиче каде деновиве започна расчистување на градежна парцела за изградба на стамбена зграда.

Граѓаните револтирана од оваа најнова градежна инвазија на овој дел од населбата со лавина од коментари побараа да се стави крај на градежената мафија и ги обвинија политичките моќници од сите политички партии кои  во спрега со градежната мафија  немаа милост кон граѓаните во трката за профит.

Дали Мурињо постапи правилно во овој случај

Еден од најдобрите  фудбалски тренери во  изминатата деценија Жозе Мурињо со сопругата Матилда Фарија има две деца, и заедно се во брак цели 30 години.

Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката.

Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но,неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е се во ред во бракот на Мурињо“ и дополнил дека прстенот Жозе едноставно заборавил да го стави на прстот.

Жозе својата сопруга Матилда која е голема хуманитарка ја запознал уште во тинајџерските денови и од тогаш се заедно.

Минатата недела Матилда со нивните две деца 19- годишниот Жозе Јуниор и ќерката Матилда  која го славела 23 роденден била во Њујорк.

Но, медиумите информираат дека Матилда и Жозе од февруари годинава не се снимени заедно .

На малиот Јане му е потребна помош

 Јане Николов (6) од с. Зрновци, Кочани,треба да оди на операција во Турција, а родителите ги замолија хуманите граѓани да помогнат кој колку може.

Иницијативата е од нивна пријателка која на Фејсбук го сподели апелот за помош со фотографии и документи за лекувањето, но и видео од малиот Јане кој сака да оздрави

Владиниот авион имал принудно слетување

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило. По слетувањето авионот не можел да се движи по пистата туку бил извлечен, дознава Телма.

Пилотите на владиниот авион се посомневале во механички дефект при слетување на скопскиот аеродром, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога. При стандарна процедура, односно спуштање на опремата за слетување, пилотот и копилотот се посомневале дека предното носно тркало е закочено. Претседателот на УО на М-НАВ, Николче Тасески го потврди немилиот настан.

Тасески вели затоа тие побарале од контролата на летање низок прелет околу кулата за визуелна потврда на дефектот.

Но од Контролата на летање добиле потврда дека предното тркало е извлечено и тие слетале на пистата на скопскиот аеродром без никакви оштетувања.

Директорот на СОЗР не упати писмено да прашаме, без детали и потврда за случајот.

Владиниот авион во моментов е во хангар. А се враќал од солунскиот аеродром.

Владиниот Лирџет и претходно имаше неколку инциденти во воздух. Купен е по падот на претходниот владин авион, кингерот кога во несреќата кај Мостар во 20014-та загина третиот претседател на државата Борис Трајковски.

Популарно