ВИДЕО:Мајка со две дечиња од под урнатините бараше помош за жал згаснаа последните довици

Речиси поминаа 30 часа после силниот земјотрес а потрагата по шестте припадници од семејството Лала се уште трае, што постои сомнение дека под урнатините заглавени се и две дечиња со нивната мајка.

После силниот земјотрес, иако многу оштетена, сепак не беше срушена целосно.

Спасувачките екипи слушнаа гласови од внатрешноста на куќата, но од предизвиканата штета куќата сепак се сруши целосно, пошто и згаснаа гласовите на заглавените во внатрешноста, пренесуваат албанските медиуми.

Позната одбојкарка си го одзеде животот на 21 година

Руската репрезентативка во одбојка на плажа, Арина Михаилина (21), си го одзеде животот, јавуваат руските медиуми.

Медиумите јавуваат дека Арина на 21 април паднала од 16-ти кат во студентскиот дом на Московскиот енергетски институт „Синичка“.

Нејзиниот тренер Наталија Урјадова потврди дека Арина се самоубила поради раскинување со нејзиното момче.

„Се испостави дека раскинале истиот ден, на денот на трагедијата. Разговарале, раскинале поради некоја причина и судејќи по она што го прочитал или слушнал на телефон, сметал дека е потребно да повика брза помош. “, рече Урјадова.

За време на нејзината преписка со Арина, на нејзиното момче му се чинеше дека таа се збогува со него. Тој повикал брза помош, а потоа отишол во студентскиот дом. Докторите кои пристигнале на повик ја прегледале Михајлина, но не наоѓајќи причина за загриженост, си заминале. После тоа девојката се качила на 16-ти кат и скокнала.

Таа за чудо го преживеала падот, но починала веднаш откако била примена во болница.

Се одбележува Денот на планетата Земја

Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата.

Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе излегоа на улиците на САД.

Според меѓународната организација „Ден на планетата Земја“, годинава главна тема е борбата против пластиката под наслов „Планетата против пластиката“.

Иницијаторите, инаку, дошле на замислата за организирање „Ден на планетата Земја“ кога светот ја виде штетата од излевањето на 11 милиони литри нафта во Тихиот океан, што се случило како последица на несреќа при работа на нафтена платформа близу Санта Барбара, Калифорнија, САД.

Денот на планетата Земја ширум светот се одбележува со бројни акции, како што се собирање ѓубре, садење дрвја, протести за борба против климатските промени, едукативни работилници итн.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно