Тие дознаа како е да изгубиш 11 милиони долари поради..

Денеска од страна на Шведската компанија за нега и убавина ФОРЕО  беше објавено дека изгубила речиси 11 милиони долари поради погрешно наведена цена во системот за онлајн купување на „Црн петок“.

Шведска фирма информираше дека сите купувачи ќе ги добијат производите по пониската, погрешна цена, која на 29 ноември два часа беше истакната на веб страницата на компанијата.

„Иновативниот гаџет“ за масирање и нега на лице „УФО смарт маскинг дивајс“ за тие два часа бил продаван за само 9,99 долари наместо 279 долари.

– Иако со тоа изгубивме повеќе од 10 милиони долари, стекнавме речиси 40.000 нови купувачи, што е потврда дека „секое лошо за добро е“, оцени основачот на фирмата Филип Седиќ.

Дури утрово беше утврдена целокупната загуба од 38.575 уреди УФО по цена од 9,99 долари, што компанијата ја чинеше 10,7 милиони долари.

Дензел Вашингтон откри која улога му била најтешка: „Никогаш не би ја повторил“

Дензел Вашингтон се смета за еден од најбараните актери во Холивуд и добива понуди за продолженија на неговите филмови. Меѓутоа тој неодамна откри која улога никогаш не би сакал да ја повтори.

Вашингтон изјави дека една од најпредизвикувачките улоги во неговата кариера била улогата на поранешниот боксер Рубин „Hurricane“ Картер во биографската спортска драма „The Hurricane“.

Познато е дека Рубин Картер бил боксер во средна категорија кој во 1967 година бил неправедно осуден на доживотен затвор за убиство кое не го извршил. Тој со години тврдеше дека е невин, но сепак беше обвинет и помина 20 години во затвор. Многу познати луѓе како Мухамед Али, Боб Дилан се залагаа за негово ослободување.

По 20 години затвор, Картер беше ослободен и се пресели во Канада, а животот го посвети на активизам во организациите кои се залагаат за укинување на смртната казна и неправедно осудените затвореници.

Актерот Дензел Вашингтон изјави дека оваа улога на боксер му била исклучително напорна и дека одлучил дека никогаш повеќе нема да прифаќа такви улоги.

„Бев со Мајкл Спинкс, поранешниот шампион во полутешка категорија, подготвувајќи се за филмот „The Hurricane“. Поради мојата улога, морав многу да вежбам и со текот на времето станав побавен и добивав главоболки. Мајкл ми рече дека ќе се навикнам на тоа, но потоа престанав и решив дека не сакам да се навикнувам на такви работи“.

Во текот на подготовките за улогата, тој мораше да тренира како боксер, да јаде и да изгледа како боксер за да биде што е можно поубедлив во рингот. Улогата на Рубин Картер му донесе номинација за Оскар, но тој одлучи дека никогаш повеќе нема да глуми боксер.

Според „Far Out“, Вашингтон пред филмот рекреативно се занимавал со бокс, но се откажал од него по завршувањето на снимањето на овој филм.

Овие 3 хороскопски знаци најлесно се вљубуваат

Љубовта доаѓа најлесно кај овие знаци. Често, кога ќе се заљубат, ја губат главата.

Рак

Вие сте заљубени во самата љубов и кај вас сите работи доаѓаат природно. Раковите го гледаат најдоброто во луѓето и штом малку се заљубат, целосно се фокусираат на таа личност. Не е потребно многу време за тоа. Нивните емоции се многу силни и често и да изградиле ѕид претходно, лесно го рушат за личноста која ја засакале.

Бик

Кога ќе сретнат личност која им се допаѓа, тие веднаш влетуваат во љубовта. Сакаат да дознаат се за личноста која им се допаѓа и ќе направат се што е потребно за да го добијат нејзиното внимание. Ако ја почувствуваат поврзаноста по која трагаат цел живот, не е им е потребно многу време за да се заљубат. Биковите знаат што сакаат и кога ќе го најдат тоа, целосно се фокусирани за тоа.

Вага

Вагите се многу друштвени личности на кои воопшто не им е тешко да запознаваат луѓе. Но, штом ќе запознаат личност која им се допаѓа, тоа сите околу нив можат да го забележат. Нивното однесување и карактер се менуваат на подобро и тие се трудат на суптилен начин да ја освојат личноста која го украла нивното внимание. Тие тежнеат кон хармонија и за нив љубовта  е како пронаоѓање на подобрата половина.

(Видео) Лажно видео на Тејлор Свифт како зборува мандарински стана вирално и во Кина

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го привлече вниманието на своите кинески фанови оваа недела кога клип на кој зборува течно мандарински стана вирален на социјалните мрежи во Кина.

Во видеото објавено на популарната социјална платформа „Веибо“ 33-годишната пејачка се пофали со своите вештини за зборување мандарински во некаква емисија што изгледа како ток-шоу.

„Неодамна бев на многу места, како Италија, Франција и Јапонија“, вели Свифт на мандарински со благ американски призвук.Видеото беше споделено на 21 октомври и оттогаш има над шест милиони прегледи.

Во друго видео Свифт зборува за песни што се запоставени и како би сакала луѓето да ги чујат.

Сепак, Свифт својата способност да зборува на мандарински јазик ја должи на вештачката интелигенција.

Овие лажни видеозаписи биле генерирани со алатка на вештачка интелигенција од „Хејџен“ (HeyGen), кинески стартап, пренесува порталот „Чајна проџект“ (The China Project).

Движењата на усните се синхронизирани за да изгледа како да зборува на мандарински, а звучи како гласот на Свифт правејќи ги видеата толку реални што ги натера кинеските корисници на интернет да ја изразат својата вчудовиденост од технологијата, со коментари како: „Ова е прекрасно!“

Но, исто така поттикна дискусија за потенцијалните стапици што ќе се појават кога вештачката интелигенција ќе стане понапредна, како, на пример, појава на измами, губење работни места итн.

„Најстрашното нешто е некој да ја користи оваа технологија за да прави лажни вести – бидејќи вештачката интелигенција е способна да манипулира со гласот и движењето на устата – луѓето лесно ќе поверуваат“, напиша еден интернет-корисник.

Друг корисник на „Веибо“ напиша дека би било страшно АИ-технологијата (вештачката интелигенција) да служи за измами бидејќи криминалците може да ја користат за да мамат жртви за пари.

Видеогенераторот напојуван со вештачка интелигенција (алатка за генерирање видеа) им овозможува на корисниците да креираат видео со говорење – над 300 гласа на повеќе од 40 јазици – користејќи над 100 АИ-аватари од разни етнички групи, возраст, пози и облека.

Технологија како оваа предизвика загриженост за криминални примени на вештачката интелигенција. Оваа година измамник во северна Кина употребил лажна технологија за да убеди еден човек да му префрли пари на наводен пријател.

Измамникот користел технологија за замена на лица напојувана со вештачка интелигенција за да имитира пријател на жртвата во видеоповик. Човекот на крајот му префрлил приближно 4,3 милиони јуани.

Во јануари Кина воведе нови правила, кои бараат од бизнисите што нудат лажни услуги да ги добијат вистинските идентитети на своите корисници.

Според новите правила, секоја лажна содржина мора да биде соодветно означена за да се избегне забуна.

Популарно