ФОТО: Таа беше најубаво девојче на светот - денес има 14 години и е целосно изменета

Не е тајна колку кај Американците се популарни детските натпревари за убавина, а голем број мајки токму во нив гледаат можност нивните дека да станат менекенки или модели. Но, сте има две страни, па и ова, а тоа најдобро на своја кожа го почувствувала младата Един Вуд.

Лицето на ова девојче е многу познато - претходните години таа неколку пати победуваше на различни натпревари за убиавина, а беше прогласена и за најубаво девојче во цела Америка.

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само 2 години, инсистирајќи на тоа синооката Един секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани од тул.

Мики до таа мера сакала да ја зачува убавината на својата ќерка што ја терала да јаде исклучи нискокалорична храна, а ја носела и на солариум, секојдневно ѝ давала енергетски пијалоци, за Един да биде добро расположена.

Ваквиот начин на живот и темпо не се одрзиле добро врз здравјето на оваа млада дама - континуирано имала силни главоболки, а добила проблеми и со метаболизмот.

Подоцна испливале и информации дека Мики често и ја тепала својата ќерка, а целта било Един да создаде отпор на стресни ситуации.

На крајот оваа мајка била предупредена дека мора да го промени однесувањето за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Един решила да престане да се натпреварува кога наполнила 6 години и освоила 300 титули. Денес таа има 14 години, а и понатаму се занимава со моделинг, но во далеку помала мера. 

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно