Направете си дома кантарион кој лекува се

Кантарионот го има од дамнешни времиња во сите бабини рецепти и лекови. Кантарионот расте на ливади, кај нас во Македонија го има во изобилство, и помага за многу проблеми, а богат е и со витамин Ц и каротен во составот.

Помага за зараснување рани, кожни проблеми и за исечените и изгореници. Кантарионот има и антидепресивно дејство, а исто така помага и за страв и промени со расположение.

Помага и при чиреви, како и при убоди. Помага и за проблеми со срцето, како и за проблеми со желудникот и варење на храната.Користете го често, има многу благодети за телото и секој може да си го направи дома.

Земете децилитар маслиново масло и ставете една лажица кантарион во него, па оставете ја така смесата да стои неколку дена за да се впие убаво. Кога ќе добие црвена боја, значи дека е подготвено за користење.

Предлог за денешен ручек

Потпечено селско месо во пире од компири  

Состојки

За селското месо 300 гр свинска кртина

300 гр пилешки гради

200 гр свежи печурки шампињони

сол и бибер по вкус

1/2 лажичка буковец

2 лажици брашно

1 лажичка црвен пипер свинска маст за пржење

2-3 лукчиња

За пире 120 гр инстант пире(компирови снегулки) 1/2 л вода 2 лажици путер 200 мл млеко 1 мала лажичка сол бибер по вкус 

Подготовка

1. Месото го сечкаме на коцки- залчиња. Го динстаме, па го запржуваме во свинска маст, зачинуваме со сол, бибер и буковец.

2. Го тргаме на страна, го ставаме во тавата во која ќе го печеме.

3. Во истото тавче запржуваме ситно насечкани печурки и нив ги додаваме кон месото.

4. На свинска маст (2-3 лажици) во истото тавче ставаме ситно насечкано лукче кратко да ни се запржи, додаваме брашно и црвен пипер, запржуваме и додаваме вода(околу ½ л). Нешто налик на бешамел треба да ни биде сосов.

5. Со сосов го залеваме месото и го ставаме во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 45 минути.

6. Откако ќе се испече и испари водата го оставаме да излади па го подготвуваме инстант пирето.

7. Водата заедно со сол ја доведуваме до вриење, па го ставаме компировите снегулки, мешаме. Додаваме путер и млеко, соединуваме брзо со мешање, за да не ни се направат грутки. Откако е готово со него го залеваме селското месо.

8. Потпекуваме околу 10-15 минути на 180 степени. 

Ражничи од риба и компир

СОСТОЈКИ:

500 гр риба

1 лимон

700 гр компири

слатка пипер

маслиново масло

рузмарин

босилек

мајчина душица

оригано

бибер

сол

1 главица кромид исечкан на кругови

2 чешниња сечкан лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рибата исечкајте ја на мали парчиња. Додајте ги сите зачини, малку сок од лимон, масло и добро измешајте. Оставете во маринада барем половина час покриено.

На дрвени стапчиња редете парчиња риба и кромид кој малку сте го посолиле.

Компирите исечкајте ги по желба, додајте зачин, бибер, слатка пипер и маслиново масло. Добро измешајте и ставете во намастен плех. Од горе наредете ражничи со риба. Печете на 220 степени околу 50-100 минути.

Популарно