Ги прашаа Кејт и Вилијам дали ќе имаат четврто дете

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имале вчера прво заедничко појавување, односно прв јавен ангажман после Мегзит кој избувна на 8. јануари и тоа појавување го одбележа едно прашање. Војвотката и војводата од Кембриџ овие денови се под лупа поради Меган Маркл и принцот Хари.

Така било и вчера, се гледале нивните реакции, се набљудувало нивното однесување, стиловите, а се само да се најде повеќе врска со скандалот околу повлекувањето на Меган и Хари од кралското семејство.

Сепак, едно прашање и Мгезит го турна во втор план, а тоа е дали планираат четврто дете. „Мислам дека Вилијам не сака повеќе деца“, рекла Кејт.

Од овој одговор многумина се разочарале, но никогаш не вели никогаш.  Кејт и претходно истакнувала дека би сакала повторно да стане мајка, додека и Вилијам ја истакнувал истата желба.

Да потсетиме, Меган Маркл и принцот Хари на 8. јануари на Инстаграм објавиле дека се откажуваат од кралските должности и дека сакаат да станат финансиски независни.

ФОТО: Ќерката на Мадона го покажа меѓуножјето

Ќерката на познатата пејачка Мадона, Лурдес Леон, позната по многу испади, повторно ја шокираше јавноста на модната недела во Лондон.

Манекенката е фотографирана по ревија во видноалкохолизирана состојба, додека едвај успева да влезе во автомобил. На себе носеше маица која беше прекратка, а бидејќи не можеше да го држи телото го покажа и меѓуножјето пред сите, што многубројните папараци го забележаа.

ФОТО: Сите гледаа во замореното лице на војвотката од Кембриџ

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на една добротворна свеченост во Лондон, а многу внимание привлече изгледот на војвотката од Кембриџ.

Кејт се појави во црн капут, а под него имаше фустан, меѓутоа, стајлингот не е тоа што го коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Тие се фокусираа на нејзиното лице, па велат дека Кејт не била адекватно дотерана за оваа прилика и оти изгледа многу заморено, но и дека тоа не успеала да го сокрие.

Фотографите забележаа и дека на палецот на десната рака имала повреда, со оглед на тоа што носеше фластер.

ФОТО: Кети Пери се пофали со новата фризура

Познатата пејачка Кети Пери во својата досегашна кариера неколку пати експериментираше со својата коса, Музичката ѕвезда некогаш имаше и кратка коса, се фарбаше во различни бои…

Меѓутоа, Кети на социјалните мрежи сега сподели фотографија од нејзината најнова фризура. На неа ја гледаме со бранови во косата и со потемна нијанса на влакната – сосема различно од русата боб-фризура, која ја носи во последно време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

if you don’t love me at my pixie cut then you don’t deserve me at my Goddess glow

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Популарно