ФОТО: Познат таинствениот руски милијардер кој на Меган и Хари им го отстапи својот дворец во Канада

Таинствениот милијардер кој им го отстапил својот дворец во Канада на Хари и Меган е Русинот Јуриј Милнер. Вчера цела планета ја обиколи веста дека принцот Хари и Меган Маркл одбиле да го откријат името на тајниот мултимилијардер кој им го отстапил нивниот канадски дворец за годишниот одмор, а кој својот идентитет го крие со методи кои ги употребуваат оние кои перат пари или пак избегнуваат платени потези, пишуваат од „Daily Mail“.

Кралскиот пар го одбил повикот од британското списание за да го откријат идентитетот на британскиот сопственик на вилата наспроти тврдењата дека тоа би можел да биде некој руски милијардер.

Портпаролката на парот исто така одбила да каже дали парот платил годишен одмор, но сега е откриено дека позади секо тоа стои рускиот милијардер Јуриј Милнер.

Јуриј Борисовиќ Милнер е израелско-руски претприемач, интернет гуру и физичар. Милнер е еден од највлиајтелните руски технолошки инвеститори.

Коосновач е и претседател на интернет компанијата Mail.ru Group и основен инвеститор на компанијата DST Global.

Првите 200 милиони долари кои ги вложил во Фејсбук се претвориле во 4 милијарди за неговиот фонд, DST. Милнер денес е дел од естаблишментот на Сицилијанската долина.

Долгогодишен пријател со Марк Закерберг со кој заедно ја покренале Наградата за револуционерно откритие на научници, покрај Милнеровиот проект за истрага на вонземјански цивилизации.

Форбс прво го класифицирале како милијардер, за минатата седмица да влезе во 100-те најголеми живи “работни умови“ на листата на истоименото списание.

Луксузната вила во Канада во која Хари и Меган заедно со нивниот син Арчи го поминаа првиот Божиќ вреди 14.1 милион долари и има осум спални соби.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно