Видео: Расте бројот на загинати во силниот земјотрес во Турција

Земјата силно се тресеше во областа Сивриџи, во провинција Елазигу, околу 20,55 часот по локално време (18,55 часот по средноевропско време), објави владината агенција за катастрофи.

Најмалку осум лица го загубија животот, изјави министерот за внатрешни работи. Најмалку 315 лица  се повредени.

Некои жители на областа напишаа на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар дека нивните домови се тресат. Други напишаа дека делови од нивниот дом се оштетени. Локалните медиуми објавија дека се урнале неколку станбени згради.

Земјотресот се случи во 18,55 часот и епицентарот се наоѓа на 11 километри северо-источно од Доганол.

Се јави „кршачот“ на таблата со Северна - не се гордеам ама морав да се почувствувам жив

Се дозна кој ја скршил таблата со натпис Северна Македонија. Станува збор за Никола Ќурчиев од Велес, кој за „ова дело“ сам се пофали на фејсбук. Тој вели дека тоа го сторил свесно и дека сам ќе ја плати казаната.

„Луѓе вака - Нит сум член на партија ниту некој ме натерал да ја скршам таблата. Причината е тоа што секојдневно минам и кога че ја прочитам кованицата северна секогаш ми иде тешко на душава и ме боли, секогаш кога ќе го видам тоа се осеќам згазен навреден и понизен. И се погоди пијан да се враќам од чаршија и ја искршив. Не се гордеаам со потегот, ама морав да изреагирам некако да се осетам жив. А сам се пријавив од две причини - прво да не ме.собираат од дома и да ги вознемирувам моите уште рано од сабајле и второ ако избегав и ако не се пријавев ќе беше скршена табла само, вака ми се слушна гласот и револтот. Свесно се направив и свесно сам ке си ја платам.казната сто ми следува. Да живее Република Македонија“, напиша Ќурчиев на својот фејсбук профил.

Тој вчера бил уапсен бидејќи откако добро се опијанил, искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“.

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Трите дечиња што загинаа во експлозијата имале осум, девет и 11 години

Трите дечиња што загинаа имале осум, девет и 11 години, говорат извори на Фактор.

Според сознанијата, двете дечиња кои се помали, од осум и девет години, имале исти презимиња, додета третото детенце најверојатно им било братучетче, бидејќи тие всушност биле деца на две ќерки кои во куќата каде што експлодирала плинска боца, биле на гости кај своите родители.

Објавени се  фотографии од куќата каде се случила несреќата. 

Случајот го потврди кумановската полиција. Во меѓувреме, болницата во Куманово соопшти дека 6 лица со сериозни изгореници, поради сериозноста на раните, биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Во моментов обвинител и полициски тим вршат увид на лице место.

ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ - почина 58-годишен маж

Експлозијата во Романовце ја однесе и четвртата жртва.

На Единицата за интезивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје вечерва почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба, информираше за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ  д-р Илир Хасани. 

„Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж“, изјави Хасани.

Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.

  

Популарно