ФОТО: Кејт Мидлтон станува анорексична

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е ослабена пишуваат британските медиуми. Сопругата на принцот Вилијам загрижи голем дел од британската јавност. Многумина на социјалните мрежи го коментираат нејзиниот лош изглед.

Многумина се плашат дека Кејт полека станува анорексична. Лошиот изглед го поврзаа со неодамнешните случувања околу Меган и Хари и нивното откажување од кралското семејство и преселба во Канада.

„Секако дека треба да посети лекар, ако не се чувствува добро. Мора да се грижи за себе, пред сè таа е мајка на три деца, а еден ден ќе биде и наша кралица. Без добро здравје, ништо од тоа“, биле дел од коментарите на социјалнтие мрежи.

Имало и такви кои сметаат дека за лошиот изглед виновна е кралицата Елизабета. Некои сметаат дека поради преселебата на Меган и Хари во Канада, сега кралицата ќе биде построга кон другите членови на кралското семејство.

„Тоа што Хари и Меган ја напуштија Бакингемската палата, остави последици на нејзиниот изглед“, коментирал еден нејзин пријател.

Познатиот фудбалер со години водел двоен живот - сопругата сега ја открила суровата тајна

Поранешната сопруга на познатиот фудбалер Патрис Евра доживеала шок кога дознала дека сопругот ја изневерил со друга жена, пишува „The Sun“. Меѓутоа, „ладниот туш“ следел кога таа дознала дека француската легенда има и 2 деца со љубовницата. 

39-годишната Сандра дознала дека Патрис пред неколку години ја запознал докторката Габриела Бирли во Лас Вегас. Набрзо потоа стапиле во љубовна врска иако Патрис бил во брак со Сандра со која има 2 деца. Тој продолжил да се гледа со Габриела и кога се вратил во Велика Британија.

Габриела, нејзината сестра Ребека и мајката Марија одлетале за Бразил да го гледаат Евра како игра за француската репрезентација на Светското првенство во 2014 година. На социјалната мрежа објавила фотографија на која може да се забележи дека присуствуваат на натпреварот против Еквадор, а на истиот меч присуствувала и Сандра.

Следниот ден, сопругата на Евра позирала во маица од француската репрезентација со бројот 3, кој го носи Патрис.

Минатата недела Сандра открила дека таа и Патрис се разведуваат по 25 години заеднички живот. Фудбалерот го напуштил семејниот дом во Париз во јануари за да работи за „Sky Sports“, а сега живее со моделот Марго Александра.

Сандра, која го запознала Евра кога имале 14 години, изјавила: „Патрис е единствениот маж кој некогаш сум го сакала, а тој кон мене се однесуваше сурово“.

Извор близок до семејството на Евра изјавил:

„Сандра ќе биде скршена по ова. Тој водел двоен живот и со години ја изневерувал. Нејзините деца имаат полубрат и полусестра. Тоа е неверојатна ситуација“, пишува „The Sun“.

(Видео) Лејди Ди знаела дека ќе биде ликвидирана: „Нешто лошо ќе се случи“

Новиот документарец кој што се емитува на британскиот „Канал 4“, откива детали од животот на покојната принцеза Дајана, а меѓу другото тие вклучуваат дека таа на својот сопруг му предложила дека би требало да отстапи од „трката за престолот“ во корист на нивниот син, принцот Вилијам.

Освен тоа се спомнуваат и податоци од нивниот брак, дека тој бил катастрофален на почетокот.

Од интервјуто кое принцезата го дала поминале точно 25 години, а за него одлучил да прогови некогашниот уредник на „Дејли Телеграф“, Макс Хејстингс, кој што открил дека некои делови одбил да ги објави за да се избегне голем кралски скандал.

Новиот документарец би требало да ги расветли односите на Дајана со многу луѓе од нејзиниот живот, а освен тоа се открива како таа го отворила срцето на Хејтинг три месеци пред интервјуто за „Панорама“.

Во текот на неговата средба со Дијана, ја прашал што знае за наводната завера дека треба да биде отстранета. Хејстон кажал дека е поласкан што баш со него Дијана сака да разговара, а од самиот заклучок на интервјуто може да се воочи дека таа го мразела својот сопруг Чарлс.

„Да, навистина го мразеше. Кога ја прашав за убавите моменти, ми кажа дека нивниот брак бил пекол од ден на ден. Бев импресиониран од нејзината искреност и директност со која што го изговори тоа. А, потоа додаде дека единственото нешто за што е загрижена е дали Вилијам ќе ја наследи кралицата на престолот, велејќи ми: „Не сум сигурна дека Чарлс е способен за тоа“. Таа сакаше Чарлс да отстапи од редот за престолот и да го препушти на нивниот син“, вели Хејстинг.

„Дајана неколку пати ми кажа многу работи. Ме праша што мислам јас за идејата дека сакаат да ја „отстранат“. Јас ѝ кажав дека тоа ми звучи лудо. Но, убеден сум дека таа веруваше дека тоа постои, а јас зажалив за тоа“, додал тој.

Документарецот освен интервјуто кое што е објавено во „Панорама“, обработува и делови од интервјуата на Чарлс.

Тој во првото интервју не сакал да ја признае аферата со Камила.

(Видео) Меланија се појави на дебатата, а Трамп направи нешто чудно со раката

Актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп ги откажа сите активности поради вирусот, но се појави на претседателската дебата.

Вчера беше одржана последната дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден пред американските претседателски избори закажани за 3 ноември, а двајцата кандидати ги испратија своите сопруги од бината.

Тоа што на многумина им падна во око е тоа што првата дама носеше маска, како и цел тим на Трамп.

Исто така, деталот кој на многумина не им избега е тоа што претседателот Трамп едноставно ја турна раката од својата сопруга, па корисниците на социјалните мрежи се прашуваат што ли значеше тоа.

Популарно