Лејди Гага се венчала во тајност со Мајкл Полански?!

Славната американска пејачка Лејди Гага (33) наводно се венчала во тајност со Мајкл Полански по само две недели заедничка врска. Ова го вели извор близок до пејачката кој рекол дека церемонијата била боженствена. 

Мајкл наводно ѝ подарил прстен на пејачката, а само неколку часа подоцна тие двајца го изговориле судбоносното „да“ на скапоцена јахта. Гага за кратко време ја маѓепсал, сега веќе нејзиниот сопруг. Извор близок до парот открил и дека тие се подготвени за проширување на семејството.

Инаку, Полански е поранешен инвеститор, моментално работи како извршен директор на фабриката „Parker Group“, а дипломирал на Харвард.

Леди Гага пред Мајкл беше свршена со агентот Кристијан Карино, а кога се разделија се зборуваше дека причината за прекинот на врската е актерот Бредли Купер со кој пејачката го сними филмот „Ѕвездата е родена“.

(ФОТО) Шарлот Лоренс: „Имаме моќ ова да го спречиме, останете изолирани и чисти“

Шарлот Лоренс е позитивна на коронавирус, што самата признала на социјалните мрежи. 19-годишната пејачка вели дека пред неколку дена се тестирала и дека е позитивна, но дека верува дека ќе биде добро.

„Пред неколку дена ме известија дека имам Ковид-19. Ќе бидам целосно во ред. Но многумина кои ќе го добијат нема ако премногу луѓе се разболат. Имаме моќ ова да го спречиме, останете изолирани и чисти“, напишала пејачката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

❤️❤️

A post shared by Charlotte Lawrence (@charlotteslawrence) on

Почина поранешното момче на Џенифер Лопез

Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMZ“. За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.

Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е верена со Алекс Родригез.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMZ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.

-Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже „те сакам“, рекла Иса.

ВИДЕО: Ентони Хопкинс умее да се забавува дома

Познатиот британските актер Ентони Хопкинс има 82 години и се е во ризичната група на луѓе поради Ковид-19 коронавирусот.

На Инстаграм објави видео-снимка каде што свири клавир, но не е сам, туку заедно со мачорот Нибло. -Нибло се грижи да бидам добро, а за возврат бара да го забавувам... мачки.., напиша Хопкинс под видеото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Niblo is making sure I stay healthy and demands I entertain him in exchange... cats 🤷🏼‍♂️

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on

Популарно