Почина поранешното момче на Џенифер Лопез

Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMZ“. За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.

Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е верена со Алекс Родригез.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMZ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.

-Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже „те сакам“, рекла Иса.

Погледнете колку навистина ѝ требало на Адел да ослебе

Славната пејачка Адел во моментов е најозборувана тема во светот поради нејзината трансформација - ослабела неверојатни 45 килограми, но тоа никако не ѝ тргнало од рака „преку ноќ“. Како што пренесуваат странските мдиуми, пејачката со години вложувала труд, била на строг режим на исхрана и морала целосно да го промени животниот стил за да достигне сакан резултат.

Поедини експерти се сигурни дека Адел подлегнала на естетски зафат поради совршената линија, на која и денес секојдневно работи.

Да потсетиме, докторката со кој пејачката соработувала за време на својата трансформација во една прилика истакнала дека тајната во губењето на килограмите се крие не само во вежбањето, туку и во расположението и менталното здравје.

(Фото) Не сакаше да го признае: Ова е синот на Шварценегер кој го доби од врска со љубовница!

Џозеф Баен е син на Арнолд Шварценегер кој славниот актер го доби со љубовницата, дадилка на неговите деца, а иако Џозефво почетокот на сакаше да го признае, сепак го направи тоа на крајот.

Џозеф минатата година го заврши образованието на факултет за деловен менаџмент, а има гени на татко му што се однесува до вежбањето.

Затоа често на неговиот профил на Инстаграм може да се забележи некоја фотографија, која го покажува физичкиот изглед.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Just a lil thicc

A post shared by Joseph Baena (@projoe2) on

Тој направи и „реплика“ на фотографијата на неговиот татко и им покажа на сите во колку многу работи се слични.

(ФОТО) Џеј Ло објави селфи од теретана, но сите зборуваат за овој детаљ кој го украде вниманието

Латинопејачката Џенифер Лопез (50) не се откажува од вежбање дури и во карантин. Среде најголемата пандемија таа го изнајмила за себе целиот простор за вежбање, но се чини дека ситуацијата се вратила во нормала бидејќи заедно со Лопез тренираат и други.

На една од последните фотографии што таа ги објавила тоа го забележале и нејзините фанови, кои биле загрижени поради мистериозниот маж со маска во заднината на нејзиното селфи.

„Дали го забележавте човекот со маска на лице кој што се наоѓа зад неа?“ – прашал во коментарите некој од корисниците, а некои од луѓето дури покренале теории на заговор.

Луѓето не заборавиле да искоментираат дека пејачката можеби човекот кој што се наоѓа зад неа го држи како заложник во својата сопствена куќа.

Популарно