Смирете ја кашлицата и исчистете си ги дишните патишта

Сода бикарбоната има голема примена во медицината, а истата се покажала многу ефикасна и во борбата против кашлицата и проблемите со дишните органи.

Најдобриот начин за нејзино користење е секако инхалацијата, а оваа терапија ја препорачуваат бројни пулмолози.

Инхалацијата со сода бикарбона ја навлажнува слузницата и на тој начин го омекнува слузот и помага во негово исфрлање.Кога микроорганизмите ќе навлезат во дишните патишта, се јавува кашлица како рефлекс за заштита на телото.

Кашлицата се развива кога ќе дојде до иритација на нервните рецептори.Со оваа намирница која сигурно веќе ја имате во својот дом можете да го излекувате болното грло, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги прочистите дишните патишта.

Подгответе смеса!

Ставете една лажичка сода бикарбона во чаша со зовриена, но млака вода. Со ваквиот раствор испирајте го грлото до 5 пати дневно. За ублажување на кашлица, ставете една лажичка сода во чаша згреано млеко и испијте го пред спиењето.

Направете инхалација!

Се користи една лажичка сода на литар топла вода. Ставете ја врелата мешавина во метален сад, покријте ја главата со крпа и длабоко дишете. Овој процес треба да го повторувате секоја вечер пред спиење.

Коронавирусот мутира побавно од грип

Трошка надеж во сеопштата криза предизвикана од коронавирусот би можело да биде откритието на научниците кои го следат ширењето на епидемијата. Имено, SARS-CoV-2 мутира побавно од другите респираторни вируси, како грипот.

Овој заклучок на експертите има две импликации и двете се позитивни. Тоа значи дека вирусот е стабилен во својот моментален облик и веројатно нема да стане поопасен како се шири. Второ, вакцината против вирусот веројатно ќе биде ефикасна на подолг временски период. 

Таква вакцина би пружала повеќегодишна заштита, како онаа против мали сипаници, за разлика од вакцината против грип која штити една сезона.

Питер Тилејн, молекуларен генетичар од универзитетот Џон Хопкинс, за Washington Post рекол дека анализата на илјадници примероци на коронавирусот покажала само 4-10 генетски разлики меѓу соевите кои ги заразиле Американците и оние кои ги заразиле Кинезите на почетокот на годината.

„Во овој момент стапката на мутација сугерира дека вакцината против коронавирусот би се примила еднаш, за разлика од вакцината против грип која се прима секоја година", објаснил тој.

Постабилен од грип - Сите вируси мутираат со време. Како се размножуваат, се случуваат грешки во нивниот генетски код, а потоа се шират низ популацијата.

Таквите мутации го раздвојуваат вирусот на различни соеви, но често на влијаат на тоа колку е заразен и колку лесно се шири. Меѓутоа, мутациите им помагаат на научниците да следат како вирусот се движи низ човековата популација - тие се како генетски трошки леб кои оставаат трага.

Изгледа дека новиот коронавирус не мутира многу. Суптилните промени во геномот се случиле, но вирусот се појавил во ист облик каде и да се проширил низ светот. Секој сој е речиси идентичен.

Ендру Рамбут, молекуларен еволутивен биолог од Универзитетот во Единбург, рекол дека SARS-CoV-2 во просек акумулира една до две мутации месечно.

„Тоа е околу два до четири пати побавно до грипот", додал тој.

Наспроти тоа, вирусот на групот мутира еднаш во 10 дена преку својот геном. Повеќето од тие мутации се безначајни, но повремено се случуваат и такви кои влијаат на способноста на човековиот имунитет да се одбрани.

Тоа е причината поради која се прават нови вакцини против грип секоја година.

Но, ако може да се верува на досегашните сознанија, тоа нема да биде потребно бидејќи тој нема да мутира секоја година.

Грипот има еден трик во ракавот кој коронавирусите го немаат - геномот на вирусот на грип е поделен во неколку сегменти, од кои секој носи генетски код. Кога два вируси на грип се во иста клетка, тие можат да разменат некои сегменти, потенцијално создавајќи нова комбинација на самото место. Така настанал H1N1, познат како свински грип.

Засега предвидувањата велат дека на коронавирусите ќе им бидат потребни неколку години да мутираат за да има потреба од нова вакцина, пишува Bussines Insider.

Предлог за денешен ручек

Посни шницли во сос од печурки

СОСТОЈКИ:

1 шолја ориз

2+2 лажици брашно

бибер

сол

масло

2 лажици суви печурки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).

Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.

За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.

Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.

Извор: Готви.мк

Погледнете зошто губењето на сетилото за мирис може да е симптом на Ковид-19

Поминаа четири дена од инфекцијата за која постоеше сомнение дека е коронавирус, кога Оливија Хејнс сфати дека не може да мирисне ниту да вкуси ништо, пренесува „Тајм“. Нејзината сува кашлица и треска на кратко се смируваа и апетитот се врати, па самата си зготви шпагети болоњез. Таа првично помисли дека не го зготвила добро јадењето бидејќи било блуткаво. „Искрено, ми беа потребни три оброци за да сфатам дека не можат да сетам ниту вкус ниту мирис“, изјави таа телефонски за „Тајм“ од нејзиниот дом во Лондон, каде се самоизолираше. „Луѓето не зборуваа за тоа (како симптом), па затоа не го барав“.

Со оглед на тоа дека сè повеќе луѓе ширум светот се инфицираат од новиот коронавирус, се зголемува и бројот на луѓе кои пријавуваат губење на мирис, а некогаш и вкус, тврдат лекарите. „Во последните 48 часа, или можеби 72, слушнавме за околу 500 пациенти кои го изгубиле сетилото за мирис“, вели д-р Нирмал Кумар, претседател на ЕНТУК, здружение на британски специјалисти за уво, нос и грло. Вообичаено, вели Кумар, добиваат околу еден извештај за изгубено сетило за мирис или вкус месечно. Сега, има многу повеќе. „Никогаш не било толку често како што е сега“, вели тој. „И ова е само мал број од многуте“.

Кумар не е единствен. Во Јужна Кореја, каде што тестирањето за Ковид-19 широко се применува, околу 30 отсто од пациентите со лесни симптоми пријавиле аносмија, технички термин за губење на сетилото за мирис. Лекарите од Кина, САД, Иран, Италија и Германија – сите места со значителни жаришта на Ковид-19 – исто така забележаа пораст на извештаите за аносмија поврзани со потврдени случаи на коронавирус, се вели во писмото објавено во петокот од ЕНТУК и Британското оторинолошко здружение. Во писмото, потпишано од Кумар и испратено до јавните здравствени власти, се бара лекарите кои лекуваат лица со аносмија да добијат лична заштитна опрема додека ги третираат тие пациенти.

Симптомот, вели Кумар, се појавува и кај наизглед здрави луѓе, што укажува дека губењето на сетилото за мирис може да биде витален показател за тоа дали некој го носи вирусот и без да знае – особено во Велика Британија, каде тестовите за вирусот се достапни само во болници и тоа за најсериозните случаи, оставајќи многу луѓе со благи симптоми, несигурни дали се заразени од коронавирус или обичен грип. „Многу пациенти кои го пријавуваат ова имаат благи Ковид-19 симптоми, понекогаш малку кашлица, а понекогаш и треска, но има пациенти кои не пријавуваат други симптоми“, вели тој. „Тоа е драматичен показател. Во мојата пракса, пациентите околу мене го покажуваат тоа. Затоа, има многу преносители наоколу “.

Кумар и другите лекари ги повикуваат властите на глобално ниво да го додадат губењето на сетилото за мирис на списокот на симптоми што би индицирале самоизолација. „Чувствувам дека треба да го додадеме ова во правилата за самоизолација, затоа што овие млади луѓе го шират наоколу“, вели тој. Иако сè уште нема научни студии за врската помеѓу Ковид-19 и аносмијата, Кумар шпекулира дека отапувачкиот ефект е предизвикан од вирусот што се меша со мукозната мембрана во горниот дел на секоја носна шуплина, каде се наоѓаат рецепторите за мирис. „Очигледно постојат многу шпекулации во моментов“, вели Кумар. „Но, овие вируси, кои се очигледно многу, многу мали честички, одат во горниот дел на носот. И тука влијаат на рецепторите за мирис, кои се многу деликатни органи “.

Многу луѓе, кои го изгубиле сетилото за мирис првично се обратиле на Твитер за одговори, особено оние кои немале други симптоми на Ковид-19. Еден од нив беше наставник во училиште по име Роберт, од северниот дел на Англија, кој додека јадел бонбони за време на викендот сфатил дека не може ништо да вкуси или помириса.

Роберт, кој побара да биде наведен со псевдоним, заминал на работа во понеделникот, не знаејќи дека неговото губење на сетилото за мирис може да укаже на Ковид -19. (Тој немал други симптоми.) Иако училиштата во Велика Британија сега се затворени за повеќето деца, тој сепак морал да надгледува мала група деца на вработени во суштинските дејности, како лекари и медицински сестри. „Јас дури и не помислив дека е можно тоа да е поврзано“, вели тој.

Неможејќи да добие тест за коронавирус поради ограничувањата за тестирање во Велика Британија, Роберт се обрати на Твитер во понеделникот вечерта. Во идеална ситуација, никој не треба да се потпира на социјалните медиуми за медицински совет, но со оглед на тоа колку брзо се движи оваа пандемија и колку сè уште има непознаници за коронавирусот, многумина сметаат дека немаат друг извор. На Твитер, каде што многу луѓе – вклучително познати личности и британската министерка за здравство, Надин Дорис (која беше тестирана позитивно на вирусот), објавија дека го губат сетилото за мирис, Роберт прочитал дека може да има врска помеѓу неговите симптоми и Ковид-19. Тој веднаш решил да се изолира и да му каже на својот работодавач. Во Лондон, каде сè уште се бори со лошите симптоми по 10 дена инфекција, Хејнс се обидува да се мотивира да јаде без сетилото за вкус. „Во ситуација кога и онака не сте гладни и се обидувате да ставите нешто во стомак, навистина е очајно“, вели таа. „Особено кога сакате само утеха во храната“.

Популарно