Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до  4, а дневната од   6 до 1 1степени. Во Скопје, , максимална температура до 7 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Овие три хороскопски знаци никогаш нема да се извинат

Постојат хороскопски знаци со его до плафон кои нема да се извинат колку и да се криви. Тука е прв Овенот како еден од најлошите знаци во Зодијакот.

Никогаш нема да се извини ни кога згрешил многу, а ако им контрирате дури тогаш ќе го пуштат јазикот. Тука е и Лавот кој со сите сили се бори за својата цел и да докаже дека е во право, како и Шкорпијата на која најтешко и паѓа повредата на егото.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој е многу упорен, но неговиот пристап не ви се допаѓа воопшто. Би ви одговарала медитација.

БИК

Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе отварите позитивни решенија на деловно поле. Пред вас се убави промени на ова поле. Со саканата личност се сложувате солидно. Одлично се чувствувате во своја кожа.

БЛИЗНАЦИ

Исклучително поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате нови активности. Имате многу добар однос со саканата личност која ви покажува дека има искрени емоции кон вас. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Доколку планирате деловно патување, ќе ви се исплати. Може да очекувате започнување на нови соработки. Ве очекува интересен однос со личноста со која флертувате веќе некое време. Полни сте со енергија.

ЛАВ

Доаѓате до подобрување кога станува збор за финансиите. Задоволни сте од околностите на деловно поле. Добивате внимание од личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Имате можност да покажете колку сте посветени на работата и колку ви е важно да напредувате. Се препуштате на своите емоции и уживате во убавите моменти со саканата личност. Потребен ви е одмор.

ВАГА

Ќе бидете сосема растеретени денес. Може да очекувате дека ќе успеете да се одморите од работата. Можеби односот со партнерот не е најдобар и се чувствувате виновни поради тоа. Пијте повеќе вода.

ШКОРПИЈА

Решивте да работите во тајност и некои важни информации да ги скриете од другите. Можеби односот со саканата личност доаѓа во фаза на заладување, а тоа не ви се допаѓа. Потребен ви е одмор.

СТРЕЛЕЦ

Можеби не сте добро организирани и тешко ви е да ги остварите сите обврски кои ги имате во еден ден. Партнерот нема доволно доверба во вас, кавгите стануваат преголем терет. Алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Ако сакате другите да ве почитуваат, покажете и вие почит кон нив. Важно е да бидете отворени кон нови можности. Не ви одговара љубомората и посесивноста која ја покажува вашиот партнер. Внимавајте на исхраната.

ВОДОЛИЈА

Пропуштате нови можности и ве прати лоша среќа. Ни сами не знаете зошто е тоа така. Иако многу грешевте во минатото, саканата личност и понатаму е со вас. Вашиот однос е сѐ подобар. Водете сметка за синусите.

РИБИ

Имате многу големи планови за нови вложувања, а ни самите не сте сигурни дали ќе ги остварите. Партнерот ве сака, но има преголема потреба за контрола, а тоа не ви се допаѓа. Внимавајте на тироидната жлезда.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Денешната атмосфера во работното опкружување е прилично напната и вие сте понервозни од обично. Во вашиот љубовен живот постојат повеќе од една симпатија. Ве мачи зголемениот притисок.

БИК

Можеби ќе дојде до помали промени на работното место со кои нема да бидете задоволни. Ако сте во врска, ќе поминете убав ден со партнерот. Поволен ден за нови познанства на слободните Бикови. Ви треба масажа.

БЛИЗНАЦИ

Со колегите имате добар однос и заедно градите позитивна атмосфера. Ве очекува пријатен ден. Подготвени сте за нови познанства, авантури и интересни настани. Денес е добар ден за флерт. Проблеми со црниот дроб.

РАК

Може да се надевате на подобрување на финансиската состојба. Ако чекате резултати од некое судење, ќе бидете задоволни. Многу ви се допаѓа една посебна личност, но го криете тоа. На полето на здравјето немате проблеми.

ЛАВ

Добро се снаоѓате во секоја работа која подразбира комуникација со луѓе. Добро сте расположени и тоа го пренесувате на луѓето околу вас. Саканата личност поминува низ тежок период во животот, а вие сте покрај неа. Чувствувате исцрпеност.

ДЕВИЦА

Не се надевајте дека ќе имате многу слободно време. Ве чека напорен период на работа исполнет со обврски. На љубовно поле ве чека мирен ден. Со партнерот се сложувате одлично. Внесувајте повеќе витамини.

ВАГА

Денес ве чека ден без посебни оптеретувања во кој ќе можете да бидете опуштени и без премногу труд да покажете добри резултати. Ве очекува интересно попладне за ново познанство. Одлично здравје.

ШКОРПИЈА

Ве очекува прилика за добра заработка која потекнуваа од некоја личност од странство, без разлика дали станува збор за важен клиент или инвеститор. Личноста која ви се допаѓа ви дава сигнали и постои флерт. Проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Ако чекате вистински момент за реализација на своите планови на деловно поле, денешниот ден е исклучиво поволен за такво нешто. Може да очекувате позитивен одговор од саканата личност. Водете сметка за белите дробови.

ЈАРЕЦ

Нема да може да остварите сѐ што посакувате, но имајте на ум дека сте склони себеси да си зацртате многу високи и нереални цели. Ако постои личност од минатото на која и се враќате, денес е ден за средба со неа. Посетете доктор.

ВОДОЛИЈА

Вие генерално добро се снаоѓате во кризни ситуации и денес тоа многу ќе ви значи бидејќи ве чека прилично стресен ден. Саканата личност максимално ви угодува иако не и е лесно. Здравјето е одлично.

РИБИ

Иако по мислењето на многумина имате премногу големи амбиции, се чувствувате доволно способни да ги остварите. Денес е денот кога може тоа и да го докажете. Можеби вашата симпатија не е свесна што чувствувате за неа. Главоболка.

Популарно