Лидерот на групата “Молика“ осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци

Музичарот и лидер на групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години.

Мицевски беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација.

Извор: Вистина.мк

Од корона почина Зоран сопругот на Невенка Томовска, ЗА КОЈА Е НАПИШАНА „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“

Утрово од ковид-19 почина Зоран Росоманов, зетот на фолк-легендата Виолета Томовска, и сопруг на Невенка, девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, објавува Репортер.

Утрово веста осамна на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг. Тој на јавноста ѝ стана познат откако за нејзиниот 50 роденден организираше пејачите да направат преработка на легендарната песна „Македонско девојче“.

Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, пред неколку години, за Репортер раскажа како кога Невенка го славеше јубилејниот 50. роденден организираше да се направи римејк на песната, а го отпеаја оперската дива Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.

За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Познато е дека Невенка е инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише „Македонско девојче“ уште кога го славела првиот роденден.

По 50 години, во чест на јубилејот, Зоран пред четири години организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот.

Али Ахмети стана почесен доктор на Универзитетот во Тетово

Државниот универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хонорис Кауса“ на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

„Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети“ гласи во соопштението.

Комитетот за доделување на признанието е составен од:професорите Вулнет Амети како претседател и Шезаи Рокај и Арсими Бајрами како членови.

Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиство поради Ковид 19

Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20% се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите, кажа д-р Нино Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

„Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“ кажа д-р Беќаровски.

Популарно