ВИДЕО: Стружани ја отвориа сезоната за капење во охридско

Двајца храбри стружани скокнаа во ладните води на охридското езеро кај плажата Версус. Иако плажата не работи две момчиња ја сефтосаа студената вода. Струга е празна но кафулињата и плажите се подготвуваат за новата сезона во која очекуваат домашни туристи по регулирањето на КОВИД 19 состојбата.

Испратено од Тони

ВИДЕО: Гори Букурешт пред натпреварот со Австрија

Македонско девојче, Бисер балкански Ѓурѓо и Tуѓа си бескрајно се слуша во кафаните во Букурешт. Нашите со бакљи се подготвуваат за историскиот прв натпревар на Македонија на Европското во фудбал

Испратено од Дарко Маневски

(Фото) Им ја раскопаа улицата и повеќе од 1 година никој нејќе да ја поправи

Повеќе од една година жителите на скопската улица Козле 1 во Нерези кога ќе заврне дожд мораат да носат чизми затоа што цела улица е покриена со кал.

Проблемот се појави кога јавното претпријатие за Водовод и канализација ја раскопа улицата (изградена од самопридонес) за да постави цевки и ја остави така.

Сега и Водовод и Општина Карпош си префрлаат кој е домен да ја поправи улицата, а во меѓувреме ние си газиме и возиме е по кал кал како да живееме во 18 век. Има ли некој да пресече и да одлучи кој треба да ја поправи улицата?

Испратено од Еллам

Фото: Вака не се вози ни во Индија

Вистински хаос деновиве. владее низ улиците на Скопје. Граѓаните доставуваат фотографии од несовесни возачи.

Во центарот на Скопје Едниот врти лево каде што е забрането, а вториот вози во грешна насока, вака се вози во центарот на главниот град. Ова е раскрсницата кај Мавровка

Испратено од Жарко

Популарно