(Видео) За само две години 5Г автомобилите на „Хуавеи“ ќе комуницираат сами!?

„Планот ни е заедно да истражиме и да ја развиеме вредноста на 5Г автомобилските апликации, за што следните две години ќе ни бидат пресудни“, тврдат од „Хуавеи“.

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ потпиша договори со 18 произведувачи на автомобили во рамки на „connected vehicle“ иницијативата, со цел да го вклучи нивниот автомобил во „5Г авто екосистем“.

Таа иницијатива ја почна „Хуавеи“ пред повеќе од една година, кога го престави својот прв 5Г модул за автомобилот под ознака МХ5000.

Компанијата од Шенжеен, како и најголемиот снабдувач на телекомуникациска опрема во светот, формираше алијанса во која се вклучени 18 компании, кои имаат заедничка цел да го забрзаат комерциојалниот развој на автомобилите поврзаниво внатрешноста на 5Г мрежата.

Компаниите кои досега го потпишаа договорот се следниве: FAW Group, SAIC Motor, Dongfeng Motor, Changan Automobile, Beijing Automotive Industry, Anhui Jianghuai Automobile, Nanjing Automobile i Chery Automobile.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно