Погледнете колку навистина ѝ требало на Адел да ослебе

Славната пејачка Адел во моментов е најозборувана тема во светот поради нејзината трансформација - ослабела неверојатни 45 килограми, но тоа никако не ѝ тргнало од рака „преку ноќ“. Како што пренесуваат странските мдиуми, пејачката со години вложувала труд, била на строг режим на исхрана и морала целосно да го промени животниот стил за да достигне сакан резултат.

Поедини експерти се сигурни дека Адел подлегнала на естетски зафат поради совршената линија, на која и денес секојдневно работи.

Да потсетиме, докторката со кој пејачката соработувала за време на својата трансформација во една прилика истакнала дека тајната во губењето на килограмите се крие не само во вежбањето, туку и во расположението и менталното здравје.

Сега сите го гледаат поради друга причина

Реј Лиота се верил со 20 години помладата Нитол, од која што не се одвојува. Актерто Рај Лиота (65) ѝ приредил вистинска претстава на својата 20 години помлада вереница.  

Парот не се одвојувал еден од друг во Санта Моника. Толку многу се внеле во сето тоа што актерот не сфатил каква грешка направил. 

Имено, кога конечно зел здив од бакнувањето, сфатил дека во автомобилот наполнил дизел гориво наместо бензин.

Лиота не изгледал многу вознемирен поради тоа, а штом ја платил сметката, парот се упатил кон механичар да го испумпа од резервоарот погрешното гориво.

Според американските медиуми, парот е во врска од минатата година, а не кријат колку многу страсти постојат меѓу нив.

Инаку, Реј е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „Добри момци“, а отсекогаш ги восхитувал дамите со својот сексапил. Но, потоа направил пластични операции, а последиците се видливи на неговото лице.

(Фото) Ќерката на Моника Белучи има 15 години и преубава е!

Манекенката Дева Касел е родена на 12 септември 2004 година во Рим и веќе се заниамва со манекенство, а обожавателите тврдат дека е иста како мајка и, познатата италијанска актерка Моника Белучи.

Дева е ќерка на францускиот актер Венсан Касел и преубавата Белучи, кои беа во брак од 1999 до 2013 година и од тој брак имаат уште една ќерка Леона Касел.

Дева неодамна направи модна кампања за познатиот бренд „Долче и Габана“, со кои соработува нејзината преубава мајка.

Фановите зборуваат дека Дева и Моника имаат неверојатно лице, дури и дека изгледаат како близначки.

Меган и Хари се прогласени за најголеми губитници

Меган Маркл и принцот Хари како што тврдат експертите, се прогласени за најголеми губитници во британското кралско семејство за време на траењето на пандемијата на коронавирусот.

Авторот на неколку изданија за дворецот, Фил Дампиер, смета дека тие двајца ја изгубиле приликата да го зајакнат својот имиџ откако се преселија.

-Мислам дека изолацијата добро му дојде на кралското семејство и неговите членови, тие постојано се промовираа и ги промовираа сите свои хуманитарни акции, освен за Меган и Хари. Тие испаднаа големи губитници во сето ова бидејќи сега тие испаднаа некој кој е целосно неважен во својата земја, изјави Фил.

Популарно