МЕЃУ ОПШИНИТЕ СЕ ТЕТОВО И ЧАИР

Жителите на општините со најголем број на новозаразени од коронавирусот во вториот бран со кој моментално се соочува Македонија, добиваат забрана за влез во Грција.

Така во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири. 

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР.

Изминативе денови, ситуацијата ескалираше во овие општини па така во Тетово и Чаир има над 80 активни случаи на коронавирус, Липково над 40, а тука некаде се и Сарај и Бутел.  Очигледно Грција не сака да ризикува во пресрет на летната сезона и за разлика од македонските власти, тие решија веднаш да реагираат, за да не дозволат понатамошно ширење на Ковид-19 во нивната држава.

Познат идентитетот на удавениот во Охрид

Полициски екипи од СВР Охрид и екипа на Итната медицинска помош попладнево во околу 13 часот се упатиле на лице место по дојава дека е забележан давеник во Охридското езеро, во близина на хотелот Палас.

Полицијата го потврди случајот. Како што дознаваме станува збор за 49-годишен маж.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, најави подетални информаации за подоцна.

Извор: press24.mk/

165 нови случаи на КОВИД-19

Денеска се регистрирани 165 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6787

Оздравени се 128 пациенти – починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3280, активни 1983

• Куманово 784, активни 232

• Дебар 103, активни 51

• Штип 365, активни 160

• Прилеп 274, активни 48

• Тетово 743, активни 406

• Струга 245, активни 147

• Велес 189, активни 40

• Битола 57, активни 21

• Охрид 190, активни 161

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 143, активни 84

• Гевгелија 12, активни 5 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 16, активни 9 • Крива Паланка 15, активни 9 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 7, активни 4 • Кочани 73, активни 20 • Пробиштип 24, активни 15 • Демир Хисар 2, активни 1 • Македонски Брод 6, активни 4 • Пехчево 6, активни 3 • Берово 3, активни 1 • Валандово 6, активни 2 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 34, активни 30 • Кичево 40, активни 34 • Ресен 116, активни 91 • Неготино 21, активни 6 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1454 теста се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 424

• Аеродром – 154

• Бутел – 163

• Гази Баба – 193

• Центар – 143

• Карпош – 167

• Сарај – 148

• Кисела Вода – 121

• Ѓорче Петров – 113

• Студеничани – 113

• Шуто Оризари – 90

• Арачиново – 54

• Илинден – 32

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 19

• Сопиште – 14

• Зелениково-6

• Странец – 2

• Нераспределен- 11

Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам, не ми треба ни Бранко ни луѓето на Бранко

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го водел со непознато лице.

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

Зоран Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам СДС. Не ми треба ни Бранко ни луѓето на Бранко. Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДС.

ХХ: Како ќе заврши?

Зоран Заев: Како? Он нема никакво влијание во СДСМ.

ХХ: Он нема влијание во СДСМ?

Зоран Заев: Бранко…

ХХ: Зоки многу го потценуваш човекот.

Зоран Заев: Јас имам 8.5 милиони евра капитал.

извор: lider.com.mk

Популарно