Актерката постојано е во друштво на 20 години помлади момчиња

Актерката Кејл Бекинсејл одговори на критичарите кои и упатуваат коментари дека постојано излегува со мажи кои се толку помлади од неа, што можат да и бидат деца.

Романсата меѓу 46-годишната актерка и нејзиниот нов љубовник Гудиј Грејс е во фокусот на јавноста уште од април оваа година. Грејс неодамна го прослави својот 23 роденден.

-Зошто продолжуваш да излегуваш со момчиња кои можат да ти бидат деца, напиша еден следбеник на нејзината објава на Инстаграм. -Секоја врска која сум имала досега е за да ве нервирам, кратко одговори Бекинсејл.

Ѕвездата на филмот „Underworld“ претходно имаше краткотрајна афера со Пит Дејвидсон, кој тогаш имаше 25 години. Минатата година кратко се гледаше и со 24-годишниот Мет Риф.

Сега сите го гледаат поради друга причина

Реј Лиота се верил со 20 години помладата Нитол, од која што не се одвојува. Актерто Рај Лиота (65) ѝ приредил вистинска претстава на својата 20 години помлада вереница.  

Парот не се одвојувал еден од друг во Санта Моника. Толку многу се внеле во сето тоа што актерот не сфатил каква грешка направил. 

Имено, кога конечно зел здив од бакнувањето, сфатил дека во автомобилот наполнил дизел гориво наместо бензин.

Лиота не изгледал многу вознемирен поради тоа, а штом ја платил сметката, парот се упатил кон механичар да го испумпа од резервоарот погрешното гориво.

Според американските медиуми, парот е во врска од минатата година, а не кријат колку многу страсти постојат меѓу нив.

Инаку, Реј е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „Добри момци“, а отсекогаш ги восхитувал дамите со својот сексапил. Но, потоа направил пластични операции, а последиците се видливи на неговото лице.

(Фото) Ќерката на Моника Белучи има 15 години и преубава е!

Манекенката Дева Касел е родена на 12 септември 2004 година во Рим и веќе се заниамва со манекенство, а обожавателите тврдат дека е иста како мајка и, познатата италијанска актерка Моника Белучи.

Дева е ќерка на францускиот актер Венсан Касел и преубавата Белучи, кои беа во брак од 1999 до 2013 година и од тој брак имаат уште една ќерка Леона Касел.

Дева неодамна направи модна кампања за познатиот бренд „Долче и Габана“, со кои соработува нејзината преубава мајка.

Фановите зборуваат дека Дева и Моника имаат неверојатно лице, дури и дека изгледаат како близначки.

Популарно