"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

КОЛУМНА: Готово го нема вирусот, се се отвори.,избори!!!!!

Капитулација ,Суета.!!!! 66 дена карантин не убедувавте вирусот го држите под контрола. Готово го нема вирусот, се се отвори.,избори!!!!! Послем 7 дена , не да го нема вирусот , вирусот влезе во анархија,се разболуваат деца, здраствени работници, полицајци, не видена пандемија во просек 100 новозаболени, ПИК на вирусот.Самите сте свесни дека ја губите војната, не ве бидува.

Треба промени, војната се губи. Во МАКЕДОНИЈА има инфектолози, епидемиолози,доктори од светски и европски размери,доктори со искуство во војни против вируси.,,ПОВИКАЈТЕ ГИ во комисијата ,доста ЛЕЧИТЕ КОМПЛЕКСИ И СУЕТИ. Додека вие лечите суети, народот ни се изпозарази надвор има ПАНДЕМИЈА И БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ НАЈГОЛЕМИ ВО ЕВРОПА СПОРЕД ГЛАВА НА ЖИТЕЛ..Ќе ја изгубиме државава поради вашата неспособност. ТИМ КОЈ ГУБИ СЕ МЕНУВА, А ВИЕ ПОТПИШАВТЕ КАПИТУЛАЦИЈА. ,,ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ЗАБОРАВЕТЕ НА СУЕТИ.""Стратегијата за борба против короната е неуспех,и тоа ќе биде долгорочен неуспех.Само никако да и погледнеме на реалноста во очи.А ТАА Е БОЛНА, зошто МАКЕДОНИЈА

Испратено од Боби Бојчевски

Популарно