(Фото) Ќерката на Моника Белучи има 15 години и преубава е!

Манекенката Дева Касел е родена на 12 септември 2004 година во Рим и веќе се заниамва со манекенство, а обожавателите тврдат дека е иста како мајка и, познатата италијанска актерка Моника Белучи.

Дева е ќерка на францускиот актер Венсан Касел и преубавата Белучи, кои беа во брак од 1999 до 2013 година и од тој брак имаат уште една ќерка Леона Касел.

Дева неодамна направи модна кампања за познатиот бренд „Долче и Габана“, со кои соработува нејзината преубава мајка.

Фановите зборуваат дека Дева и Моника имаат неверојатно лице, дури и дека изгледаат како близначки.

Меси спие на душек, што го убива Ковид-19

Додека светот продолжува да се тресе од КОВИД-19, Лионел Меси ужива привилегија да спие на специјален душек што го уништува вирусот.

Ова го откриваат шпанските медиуми во пресрет на враќањето на Барселона во Лигата на шампионите, каде вечерва екипата го пречекува Наполи во реваншот од 1/8-финалето.

Излезе дека една локална компанија – „Tec Moon“, направила специјален душек користејќи иновативен систем, откако специјалните наночестички го убиваат вирусот до 99,84%.

Името на моделот е „Viruclean“ и чини околу 1.000 евра. Потребни се 4 часа на душекот да се елиминираат потенцијалните честички на вирусот, што ќе обезбеди здравје на друго лице ако одлучи да лежи на истиот кревет.

Излегува дека Меси не го купил овој душек, но истиот му го дал производителот – веројатно за рекламни цели.

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес исто така користи душек од овој вид.

Менекенка од Австралија се разбудила за време на операција на мозокот

Австралиската манекенка Емили Сирс (35) доживеала вистинска драма кога лекарите ја разбудиле од анестезија во текот на тешката операција на мозокот.

Имено, откако таа доживеала напад минатата година, откриено е дека убавата манекенка има абнормален сплет на крвни садови во мозокот.

Потоа, таа добила терапија по бројни анализи за да ја држи својата болест под контрола, но откако продолжиле нападите, била закажана операција.

Поради пандемијата на коронавирус, целиот процес бил запрен, а операцијата морала да се одложи, но манекенката конечно беше оперирана минатата недела.

Операцијата била тешка и траела дури 5 часа, а бидејќи крвните садови се наоѓаат веднаш до центарот за говор, лекарите ја разбудиле Сирс од анестезија за да зборува додека и ја отстрануваат масата, за да се уверат дека нема да и наштетат.

Операцијата завршила успешно, а манекенката сега полека се опоравува во болницата.

(Фото) Џенифер Лопез носи маичка со јасна порака!

Латино пејачката Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека годините за неа се само број, но овој пат не беше разг9лена, туку позираше во нормално издание.

Се појави во тренерки и блуза, а косата ја врза и стави наочари за сонце, по што објави селфи на социјалните мрежи. За фановите таа имаше и „длабока“ порака.

„Емпатија: Способност за разбирање и споделување на чувствата на друг“, напиша во описот на фотографијата на Инстаграм.

Погледнете во продолжение како изгледаше атрактивната пејачка во маичката.

Популарно