Бешамел со печурки

Направете совршен бешамел сос со печурки.

СОСТОЈКИ:

6 печурки

1 лажица брашно

малку маргаин

500 гр. млеко

сол и бибер

ПОДГОТОВКА:

Се сечат печурките ситно.

Се топи маргарин на оган и се ставаат печурките додека поруменат.

Се става брашно и сепржи заедно 5 минути.

Се става млеко и зачини.

Се крчка уште малку и сосот е спремен.

Бешамел сосот послужете го со тестенини, пилешко месо или топено сирење во фурна

Извор: Готви.мк

Шницли во сос со печурки

Направете вистинско гурманско јадење…

СОСТОЈКИ:

450-500 гр шницли

1 главица кромид

1 свежа црвена пиперка

1 лажица доматна паста

200 гр шампињони

200 гр вргањ

1-2 лажици брашно

сол

бибер

оригано

сув зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тенко исечканите шницли посолете ги, побиберете ги и во малку загреано масло пропржете само да добијат боја. Потоа оставете ги на страна. Во истото масло ставете ситно сечкан кромиди пропржете. Потоа додајте пиперка, доматна паста и печурки. Зачинете, додајте брашно, налијте вода и продолжете со готвење. Потоа вратете ги пропржените шницли во сосот, додајте уште малку вода и гответе заедно десетина минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Готви.мк

Пилешко полнето со зеленчук со бешамел сос

Послужете со салата или прилог по желба

СОСТОЈКИ:

600 гр пилешко филе

300 гр тиквици

1 главица кромид

1 морков

1 јајце

сол

бибер

соја сос

3 лажици масло

бешамел сос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечкајте го на тенки парчиња и исчукајте го. Зачинете со соја сос, па посолете и побиберете.

Во тава ставете масло и пропржете кромид исечкан на коцки и изрендани моркови и тиквици. Посолете и побиберете.

Секое парче месо филувајте го и свиткајте. Редете во тепсија. Разматете јајце и прелијте преку месото, а потоа прелијте и бешамел сос. Печете 35 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Готви,мк

Телешка чорба

Направете вистинска кафанска телешка чорба…

СОСТОЈКИ:

масло

кромид

500 гр телешко месо

350 гр морков

50 гр целер

20 гр брашно

сол

бибер

зачин

магдонос

1 јајце

кисела павлака

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Популарно