Војската во Германија ги обучува кучињата за нова „улога“

DW пишува дека воените кучиња  се обучуваат во Центарот за обука на кучиња во градот Улмен, за да можат да детектираат коронавирус во човечка плунка.

На обуката учествуваат вкупно десет кучиња - германски овчари, шпаниели и ретривери кои „мирисаат“ примероци од заразени лица.

Идејата за проектот се појави затоа што овие кучиња не само што можат да детектираат експлозиви или лекови од молекуларен состав на мирис, туку и да чувствуваат разни видови тумори и хипогликемија кај дијабетичарите.

Германските истражувачи, вклучени во ова истражување, се оптимисти и очекуваат позитивен исход на проектот на крајот.

Центарот за обука на кучиња рече дека сè оди според планот и дека проектот успешно се спроведува, истакнувајќи дека ќе има многу поконкретни резултати во следните неколку недели.

Најмалку 300 германски воени кучиња  во моментов ширум светот се користат за откривање експлозиви, дрога и мини “

Сепак, како што покажаа две научни студии, постои ризик дека кучињата исто така ќе се заразат бидејќи, иако во доста ретки случаи, миленичињата можат да бидат заразени со вирусот преку луѓето.

Покрај Германија, кучињата во некои други земји, како САД, Финска и Велика Британија, се обучуваат за откривање на COVID-19. Покрај плунката, вирусот може да се открие и преку урина и пот.

Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Лесен домашен лек против кашлица

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ослободете се од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни пеги по нив, 2 лажици мед.

Подготовка: Најпрвин излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Доколку сте во можност направете го тоа со дрвена лажица. Потоа бананата ставете ја во сад со зовриена вода. Оставете ја да отстои околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го помешате со зовриената вода, ќе ги загуби лековитите својства.

Примена: 100 мл од овој напиток пијте четири пати дневно. Количината на состојките од овој рецепт е доволна за еден ден. А наутро за наредниот ден направете си нова. Првите резултати ќе ги забележите за три дена.

Си направил скара во дворот пред 20 години, а за тоа се уште се тужат со соседот: Денеска е отпочната нова постапка

Невообичаен спор меѓу две италијански семејства за скара која е премногу блиску до оградата продолжува и по 20 години, објавија денеска италијанските медиуми.

Судот во градот Тавернеле во провинцијата Виченца го врати овој случај пред Апелациониот суд во Венеција, пишува „Кориере дел Венето“.

Спорот започнал во далечната 2004 година кога семејството Тонин се обратило до судот во Виченца бидејќи им пречел чадот од скарата на нивниот сосед, за која велат дека била изградена премногу блиску до оградата меѓу двата имота.

Во 2007 година, првостепениот суд го одби барањето за уривање на скарата од тули, сметајќи дека не се работи за градба која би била опфатена со уредбата за урбанистичко планирање.

Наместо тоа, судот му наложи на семејството Коча-Монтеризис да најде начини да го намали количеството чад што е вознемирувачко.

Семејството Тонин ја обжали оваа одлука, за да го изгубат случајот повторно во 2019 година. Потоа двете семејства поднесоа жалба до Врховниот суд, кој сега нареди нова постапка, прифаќајќи ја жалбата на Тонин, со образложение дека скарата од тули мора да се смета и за „изградена структура“ и дека поради тоа подлежи на прописите за урбанистичко планирање.

Популарно