Борко: Сакав да помогнам што побрзо да се најде лек за оваа болест!

Четириесет и тригодишен Македонец, татко на три деца и сопруг, кој работи како таксист во Велика Британија, е меѓу првите 500 луѓе што ја примиле Оксфорд вакцината против коронавирусот, која моментално е во третата, последна фаза од клиничката студија и која е голема надеж за лекување на заболените.

Борко Андреевски, уште во април доброволно се пријавил да ја прими оваа вакцина и тоа во најраната фаза од научното истражување за нејзината ефикасност и делотворност. Ги исполнувал сите услови за да се пријави, меѓу кои и тој да е негативен на Ковид 19 и никогаш претходно да не примил ниту една друга вакцина за друг тип на коронавируси. ,,Слободен печат” поразговара со Андреевски за тоа како се чувствува, како воопшто се вклучил во научното истражување во толку рана фаза и за мотивите на овој негов подвиг.

-Искрено, сакав со нешто да помогнам. Во исто време се пријавив како доброволец во болница, но немаа потреба од тоа. Сакав што побрзо да се најде лек или вакцина и да завршиме со оваа болест. Но, пак излезе дека требало подолго време и многу животи се загубија. Искрено се надевам дека што побрзо ќе биде и вакцината, вели Андреевски, кој дваесет години живее и работи во Велика Британија.

На почетокот, неговото семејство било малку во шок, но подоцна сите го поддржале во идејата.

-Му верувам на Оксфорд. Ми кажаа дека е безбедна и верувам во тоа. Всушност, тие бараа здрави личности на возраст од 18 до 55 години. Јас не бев носител на вирусот и поради тоа се пријавив, ги исполнував критериумите. Пред да ја примам вакцината неколку денови претходно, имав и медицински преглед и тој се одвиваше за сите нас што сме дел од студијата како доброволци. Една недела подоцна, ја примив и вакцината, објаснува Андреевски.

Потоа следувале неколку прегледи на секои 28 дена, па на три месеци од вакцинацијата, а последниот преглед за хуманиот Македонец во Велика Британија ќе биде во ноември, шест месеци по вакцинацијата. И покрај тоа што е вакциниран, тој сепак ги одржува мерките за заштита од коронавирусот, носи маска, одржува дистанца бидејќи не сака да ризикува ни најмала прилика за трансмисија поради тоа што работи со голем број луѓе кои ги превезува со такси. За доброволното учество ниту еден од испитаниците не добиле никаква материјална надомест.

-Сега на многумина вакцината им изгледа како добра идеја, но на почетокот луѓето беа многу претпазливи. Препораката е и за мене, како и за другите, да се одржува дистанца, бидејќи ова се тестови и уште не е стопроцентно сигурно дали вакцината е стопроцентно ефективна. Јас искрено се надевам дека е ефективна, но конечни сознанија за тоа ќе имаме во ноември. Јас живеам и работам како таксист во Оксфорд веќе 20 години и може да се каже дека секогаш сум во тек со она што се случува и така разбрав за вакцината. Кога слушнав, без размислување сакав да сум меѓу првите што ќе ја примат, додава нашиот соговорник.

Запрашан дали неговиот организам има создадено антитела против Ковид 19, Андреевски вели дека одговорот на тоа прашање ќе го иам во ноември.

– Откако се вакцинирав немам буквално никакви последици. Но, дали имам антитела не знам зашто сепак сум дел од научно истражување и сите информации се сопственост на Оксфорд. Но, во ноември ќе ги споделат сите сознанија со нас што учествувавме, односно со сите доброволци- вели тој.

Андреевски е единствениот Македонец во Велика Британија што учествувал во клиничката студија за испитување на вакцината која е голема надеж во светот на медицината за справување со Ковид 19. Откако дознале и други наши граѓани со Британија, дека опцијата да се вакцинираат постои, повеќемина се заинтересирале, но било предоцна, квотата од 500 испитаници доброволци била веќе исполнета.

Текстот продолжува ТУКА.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно