Фото: Стефан и Мартин од „Некст тајм“ славеа роденден, па споделија слатка фотографија од бебиња

Дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан деновиве имаа убав повод за славење. Имено, причина поради која се радуваа и славеа беше нивниот роденден.

Токму поради тој повод на нивна адреса пристигнуваа убави роденденски желби.

Во кусите приказни на „Инстаграм“ тие ги споделуваа роденденските пораки. Стефан роденденот на својот брат му го честиташе со една фотографија од близначиња, а како објаснуваше напиша:

„Среќен роденден брат“, напиша тој во описот на фотографијата.

Инаку, Мартин и Стефан наполнија 34 години. Среќен роденден!

Видео: Жена танцува од среќа по успешно интервју за работа

За многимина, 2020 беше година исполнета со тешкотии и многу проблеми. Но, безбедносните камери неодамна ни ја покажаа среќата на една жена од САД по нејзиното успешно интервју за работа.

Станува збор за 21-годишната Калаја Џоунс која ја покажува својата среќа (иако несвесна дека безбедносните камери ја снимаат нејзината среќа) по добиената работа во he Spot Sports Bar and Grill ресторанот во Декатур, Џорџија. 


Компири со кашкавал и буковец

Оброк кој ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ:

8 големи компири

1/2 шолја масло

1/2 лажица лук во прав

1/2 лажица буковец

2 лажици ситно рендан кашкавал (најдобро пармезан)

1/4 лажичка бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на крупни парчиња. Сите состојки измешајте ги и во нив извалкајте ги парчињата компири па наредете ги во плех, на хартија за печење.

Печете на 190 степени околу 45 минути. Послужете со павлака, или кечап и мајонез.

Готви.мк

ВИДЕО: Колкава е опасноста да се заразите со Ковид-19 кога седите на иста маса со заболен

Јапонски експерти користеа супер компјутер за да симулираат ширење на коронавирусот за време на една вечера, на маса со 4 лица.

Најновите истражувања на научниците покажаа дека коронавирусот може да остане во воздухот до неколку часа и дека може да се појави кај луѓето иако растојанието помеѓу нив е повеќе од два метра.

Истражувачите од Универзитетот Коби и гигантот Рикет во Јапонија направија симулација со помош на супер компјутер „Фугаку“ за тоа како се шири коронавирусот и како распоредот на седење на истата маса во ресторан може многу да влијае на „ширењето“ на инфекцијата.

Симулацијата ја покажува емисијата и протокот на аеросолот кога четири лица седат на маса и разговараат без заштитни маски, а се претпоставува дека местото каде што некој седи многу влијае на ширењето на коронавирусот. Кога заразено лице разговара со лицето спроти него без маска, лицето што седи директно соочено со заразеното лице вдишува четири пати повеќе аеросоли отколку лицето кое се наоѓа дијагонално од него.

– Лицето што седи покрај заразен субјект има најголем ризик да се зарази. Кога лице со вирус корона ќе се сврти настрана за да разговара со лицето до него, тој вдишува пет пати повеќе аеросоли од оној директно преку патот, пренесува „Форбс“.

Истражувањето, исто така, имплицира дека ризикот од инфекција е значително намален кога луѓето кои седат на иста маса кога носат маски за време на разговор, или ги враќаат кога ќе завршат со јадењето.

– Кога луѓето кои имаат кашлица КОВИД-19, киваат, пеат, зборуваат или дишат, тие произведуваат „респираторни капки“. Тие можат да бидат големи и мали, а оние со помал волумен можат да формираат честички кога ќе се исушат многу брзо – се наведува во објаснувањето на Центарот за контрола и превенција на болести.

Друга важна точка откриена од јапонското истражување е дека влажноста може многу да влијае на ширењето на вирусот преку аеросолите. Истражувачите дошле до заклучок дека помалку капки се „исфрлаат“ кога влажноста е поголема, што сугерира дека употребата на уреди за зголемување на влажноста може да ги ограничи инфекциите доколку не е можно да се проветри просторијата со отворање на прозорецот.

Популарно