Љубе Бошкоски објави каде лови странски инвестиции

Љубе Бошкоски советникот на премиерот Зоран Заев за странски инвестиции во фејсбук пост вели дека деновиве е во лов на странски инвеститори. Во објавата Бошкоски всушност му одговара на прозивка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој тврди дека го прозвал на прес конференција. Канејќи го Мицкоски на ТВ дебата, Бошкоски вели дека патува на свој трошок, а не со платата како советник во Владата за која вели дека не е доволна за едно патување во странство.

„Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата. Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци. И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари, пишува Бошкоски.

Инаку Бошкоски за ангажманот како советник зема месечна плата од 55.268 денари.

Hristijan Mickoski, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес. Ти одговарам подоцна, бидејќи...

Posted by Љубе Бошкоски / Ljube Boshkoski on Wednesday, October 28, 2020

Јакимовски осуден на шест години затвор за кражба на 800.000 евра од УБК

На шест години затвор е осуден Тони Јакимовски, ексначалник во УБК, кој беше и шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, за случајот „Спец каса на УБК“, објави Кривичниот суд.

Затворска казна од четири години за Стево Маџовски, кој бил вработен во УБК, а ослободителна пресуда за уште една вработена во оваа Управа, Кристина Јосифовска.

Ова е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК.

-Согласно објавата на пресудата, во текот на кривичната постапка која започна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа , а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со Ковид – 19, при што судот ги обезбеди сите соодветни услови согласно протоколите за заштита. Изведени се предложените материјални и вербални докази и, по предлог на одбраната, сослушан е сведок преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Р. Романија каде се наоѓал сведокот.

Врз основа на сето горе изведено судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управта и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација.

Против оваа пресуда странките, по приемот на пресудата, имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд, велат од Кривичниот суд.

Зибери не носи маска додека парламентот расправа за маски на отворено

Претседателот на собраниската Комисија за здравство Арбен Зибери додека се распрва по амандманите со кои би се вовело задолжително носење на маска дури и на отворено не носи маска ниту на затворено во салата каде се одрзува седницата. Во салата се присутни над 30 луге, а носење на маска е задолжително освен кога присутните се обраќаат на говорница, пишува Сител.

Зибери во септември беше болен од Ковид-19 и по три недели се врати на работа во парламентот.

Популарно