Ѕвездите на „Игра на тронови“ го чекаат првото дете

Ѕвездите на „Игра на тронови“ Кит Харингтон и Роуз Лесли го чекаат нивното прво дете. Триесет и тригодишната актерка потврди дека е бремена со фотографиите направени за интервјуто за британското издание на списанието „Мејк“.

Актерите кои се прославија со улогите на Џон Сноу и Игрит ја почнале врската уште во 2012, но официјално го потврдија тоа дури во април 2016. Се свршија следната година, а се венчаа лани во Шкотска.

Лесли во интервјуто открива дека неодамна купиле многу стара куќа во англиско село и дека уживаат во тишината, зеленилото и птиците.

(Фото) Џенифер Лопез во невообичаено издание

Пејачката и актерка е позната по тоа што секогаш се истакнува со својот стил, а сега одбра необична комбинација за да оди на шопинг.

Џенифер Лопез е позната по своите варијанти на облека кои ја истакнуваат нејзината беспрекорна фигура. Без разлика дали се комбинации што откриваат или покриваат, тие се главно тесни и прават сите погледи да бидат насочени кон неа.

Сепак, скоро секој пат кога папараците ја забележаа за време на купувањето, Џенифер носи многу удобна облека, и така беше и овој пат, но дури и поинтересна од вообичаеното!

Латино дивата, придружувана од нејзината ќерка Ема, синот Макс и Наташа и Ела, ќерката на нејзиниот свршеник Алекс Родригез, го посети Родео Драјв, улица во Беверли Хилс позната по продавниците на најлуксузните брендови. За оваа пригода избра темно кафеави риги во панталони и бела кошула - обете парчиња беа преголеми, додека високите потпетици ги замени со удобни кафеави оксфорд чевли кои изгледаат како да се извадени од некој машки плакар! На тоа додадете кафена чанта, тркалезни очила за сонце, инаку нејзиниот омилен додаток, и високо врзана коса и имате незаборавен стил.

(Фото) Мадона ги запрепасти фановите со изгледот

62-годишната поп-ѕвезда Маона вешто се обидува да ги сокрие годините, а третманите со ботокс ѝ се неизоставен дел. Меѓутоа, нејзините пријатели ја критикуваат поради тоа, велејќи ѝ да престане бидејќи повеќе не личи на себе.

Со најновата фотографија на Инстаграм покренала лавина коментари. Имено, таа сакала со објава на социјалните мрежи да ја подигне свеста за гласањето пред политичките избори во САД, но објавата отишла целосно во друг правец.

Многумина го коментирале нејзиниот изглед и ја прашувале дали станува збор за филтер за обработка на фотографијата или целосно се упропастила со естетски корекции.

„Ова не е мојата кралица. Личиш на вонземјанин од холивудските филмови, пластичниот хирург ужасно си ја одработел својата работа“, „Дали е ова реално?“, „Не сум бвидел полоши импланти од овие“, гласат некои од коментарите.

Освен што имала корекција на лицето, Мадона оваа година се пофалила дека ставила импланти и во задникот.

(Фото) Џенифер Лопез направи храбар потег со новата фризура

Стилистот Крис Аплтон сподели фотографија од Џенифер Лопез која позира со нова фризура. Славната пејачка се одлучи за шишки, а повторно ставила и долга екстензија.

„Одлично ти стојат шишките“, „Ти навистина не старееш“, „Преубава како и секогаш“ се само дел од коментарите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@jlo got bangs today ✨

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) on

Популарно