(Фото) Славниот диџеј во ресторан во Дубаи добил сметка од 238.000 евра

Диџејот Чарли Слот ги изненадил сите кога во еден од најекслузивните ресторани во Дубаи добил сметка во вредност од околу 238.000 евра.

Слот на социјалната мрежа Инстаграм ја објавил сметката на која што се гледа дека се наоѓаат 53 шишиња шампањ, шише вотка, две шишиња текила, шише коњак и разна јапонска храна. Сметката била настаната во хотелот „Five Palm Jumeirah“.

„Кога фалењето и правењето важен ќе тргне на лошо“, напишал тој под фотографијата. „Може ли да платам на рати?“, прашал тој и го означил шефот на хотелот во објавата.

„Извини Чарли. Знаеш дека не дозволуваме рати затоа што веќе зборувавме за тоа. Можеш ли да дојдеш во нашата главна канцеларија, директорот сака итно да зборува со вас за оваа сметка“, му одговориле од хотелот.

„Daily Mail“ пренесува дека сметката настанала во периодот од неколку денови, а кога тој дошол да плати сето тоа му било пресметано на една сметка.

Слот наведува дека си се почестил себеси и свои седум пријатели со разна храна, шампањи, текили, вотки, коњак...

„Спајс Грлс“ повторно се враќаат на музичката сцена?

Музичката група „Спајс Грлс“ (анг. Spice Girls) повторно се соединува, барем тоа го потенцираше една од девојките од групата, Меланија „Мел Би“ Браун додека гостуваше во шоуто на „Би-Би-Си“.

Музичката ѕвезда Мелани, во своето гостување најави заедничка турнеја на групата „Спајс Грлс“ во 2023 година, која воедно би претставувала и нивно повторно обединување.

„Ние бевме во преговори и претходната година, но тогаш се случи Ковид-19, па така се растурија плановите на сите. Девојките „ќе ме убијат“ бидејќи ќе го кажам ова но, ние се надеваме, посебно јас, бидејќи сум водечката сила, и ќе се потрудам да стане реалност – да организираме турнеја во 2023 година“ – потенцираше музичката ѕвезда Мел Би.

 Инаку, овој бенд светската популарност ја стекнува во 1996 година со хитот „Wannabe“ со кој владееја со светската сцена. Во 1998 година една членка ги напушта, а останатите четири се разишле во 2001 година. Викторија Бекам, Мелани Браун, Ема Бантон, Мелани Чизом и Џери Халивел се имињата кои ја градеа својата музичка кариера во оваа музичка група. Тие и денес остануваат најуспешен женски бенд во историја.

Девојките од оваа музичка група славеа 25-годишнина од нивната најпозната песна „Wannabe“, изминатиот јули.

(Фото) Не знаете која модна комбинација да ја одберете за вечерашното излегување? - Модните инфлуенсерки го нудат одговорот

Припадничките на понежниот пол, барем еднаш во месецот се соочуваат со проблемот – немање идеи за модни комбинации. Често си го поставуваат прашањето „Што да носам вечерва“?

Модните инфлуенсерки го нудат одговорот. Костумите ги посочуваат како прв избор на секоја жена, кога и да се двоуми што да облече. Тие никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат во тренд. Истите се совршена идеја како за дневни, така и за вечерни настани, свечености или пак деловни обврски.

Во изминатите години, оделата станаа дел од речиси секој женски плакар. Во комбинација со интересна маичка и патики ќе изгледате одлично за кафе-средба или ручек со пријателките.

Доколку пак, го искомбинирате со високи потпетици и кошула, инстантно ќе добиете модна комбинација за вечерна забава.

Погледнете како модните блогерки ги комбинираат костумите и добијте инспирација за вашиот совршен вечерашен изглед.

ФОТО: Ќерките на познатите ви го „одземаат“ здивот во бикини!

Медиумите со години, без разлика дали одмараа или настапуваа низ регионот, во летните месеци ги следеа Здравко Чолиќ, Цеца Ражнатовиќ, Наташа Беквалац и многу други, но ситуацијата сега е малку променета.

Благодарение на социјалните мрежи и нивните деца станаа ѕвезди, а следбениците нетрпеливо чекаат најави од егзотични дестинации.

Анастасија Ражнатовиќ ги објави своите први фотографии од плажа уште во јуни, кога отпатува на Ибица со своето момче, фудбалерот Немања Гудеља.

Таа продолжи да објавува „жешки“ фотографии во бикини на својот Инстаграм профил, а нејзините следбеници беа повеќе од воодушевени.

Наследничката на Чола, Уна, уживала во прекрасната глетка на морето во Црна Гора.

Таа преку социјалните мрежи го покажа луксузот во кој ужива, а со тоа откри и во каква убавина израснала.

Атрактивната Џина Џиновиќ го одзема здивот каде и да се појави, а кога носи минимален материјал изгледот е запрепастувачки.

Своите следбеници ги воодушеви и со изданијата на бикини, а коментарите под нејзината објава не изостанаа, па многумина се согласија дека таа израсна во вистинска божица.

Петнаесетгодишната Хана Икодиновиќ се уште е премлада за да патува сама, но таа и нејзината мајка Наташа Беквалац одлично се забавувале во Марбела.

Таа ја изненади јавноста со своите фотографии, па многумина коментираа дека прераснува во вистинска убавица, и дека сигурно ќе скрши многу машки срца, исто како нејзината мајка.

Популарно